Новите бројки на заразени немаат врска со олабавување на мерките и допрва ќе се рефлектира нивното непочитување од луѓето, изјави микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.
„Новите бројки немаат врска со олабавување на мерките, туку се случаи кога беа рестриктивните мерки, бидејќи од олабавување имаме само три дена, случаи најчесто се јавуваат по седум дена.
Ова што се случува сега е последица на тоа што не се почитува мерките што беа кажани од комисијата за заразни болести и владата и второ не се казнуваа луѓето што не ги почитуваа. Оној полициски час од 11 часот во неделата беше кокетирање, може министерот да кажува што сака“, рече д-р Пановски.
Сè почна кога почнаа да се мешаат религиските групи да се јавуваат и да велат дека Господ ќе не чува, тоа беше литијата во Струга, лажичето за Велигден и веднаш следеше одговор од другата страна, вистински предизборен натпревар, изјави Пановски.