Денеска ја примивме донацијата која беше обезбедена од страна на УНИЦЕФ – најнова генерација на 7 респиратори кои служат за инвазивна и неинвазивна терапијa, a можат да се користат за лекување на деца и на возрасни, објави министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук.
„Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот, имајќи предвид дека ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица.
Сакам да изразам благодарност до Канцеларијата на УНИЦЕФ, предводена од претставничката Патриција Ди Џовани, кој е наш постојан партнер во надминувањето на јавно-здравствените предизвици, како и континуираното унапредување на капацитетите за справување со вирусот COVID-19“, обајви Филипче.