Мора да ги почитуваме мерките. Колку побрзо го сфатиме новиот начин на живот, толку побрзо ќе излеземе од кризата, пишува на фан страната на министерот за здравство Венко Филипче.
„Мора да бидеме свесни за состојбата. Ниту епидемиолозите, ниту било која институција може сама да се справи со овој проблем. Огромна е одговорноста на граѓаните. Да носиме заштитна маска, често да ги миеме и да правиме дезинфекција на рацете, и да ја одржуваме потребната физичка дистанца“, пишува во објавата.