Откако беа олабавени мерките и угостителите побрзаа да ги спремат своите простории за потрошувачите, уште во првите 24 часа од повторното отворање на рестораните и кафулињата, низ интернет почнаа да се шират видеа и фотографии од развеселени толпи боемџии кои сироти мораа да слушаат дома џез додека не работеа меаните.
Се чини дека и покрај секојдневните апели да се држи соодветно растојание и да се носи заштитна опрема на лице (маска/марама), како и колку е можно повеќе избегнување учество во групи, од снимките и сликите може да се види дека некому толку му фалело седење на маса со гудачки импровизации во позадина и поховани преценети даски, па боемите се фрлија на групирање и качување по маси како да соопштиле од СЗО дека веќе нема вирус.
Дедо Мраз помина и го дезинфицира цел свет и сега вие можете да играте чочек и да налевате ракија од 20 денари литар што ви ја наплаќаат 90, да се качите на маса која треба да се дезинфицира пред и по вашиот настап.
Кафана не смее да трпи за една корона, чочекот го гледаш, Ковидот не! Живели царе!
А. Н. Стојчевски