СОВЕТОТ за безбедност денеска напладне во претседателската вила Водно ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.
ДОНЕСЕНИпротоколи за градинките, запишување во основно и средно училиште, приемни и други испити на факултетите.
ВОНРЕДНАТА состојба треба да се продолжи Одлука сè уште не е донесена на владина седница, но ова прашање се дискутира и во утринските часови утре оваа тема ќе биде разгледувана на владината седница и ќе донесеме одлука со кој став се оди на Совет за безбедност, вели Царовска.
ПОЛИЦИСКИ час во Минеаполис, не еден, тројца полицајци го приклештиле Џорџ Флојд. Полицаецот, Дерек Шавин, кој со колена го приклешти Флојд, легнат и во лисици, по што задржаниот почина на место, синоќа беше уапсен и обвинет за убиство од втор степен, јави Си-ен-ен (на линкот серија од неколку видеа).

СЕ овозможува ослободување од партиципација на осигурениците за здравствени услуги поврзани со Ковид 19. Дополнувањето дава и право на лекување од КОВИД-19 на државјани на соседните земји со кои Северна Македонија нема склучено договор за социјално осигурување, а се затекнале во земјава.
ЛЕКОВИ без хартиен рецепт и во наредните шест месеци. Со дополнувањето на Уредбата, шест месеци по престанокот на вонредната состојба се уредува можноста пропишување и издавање на лекови без хартиен образец на рецепт, односно можност за електронско пропишување на лекови од Листата на лекови.
МЕДИУМИТЕ добија поддршка од Фондот за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.
УГОСТИТЕЛИТЕ тврдат дека го почитуваат протоколот, инспекторите разочарани – „начекале“ жива музика и играње на маса.
ВРЕМЕТО во земјава променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
СОЦИЈАЛНАТА помош за мај ќе почне со исплата од втори јуни. Владата ја усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за мај 2020 година и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на социјална заштита до деловните банки најдоцна до 01.06.2020 година, со препорака до деловните банки да обезбедат достапност на средствата од мајските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи од 02.06.2020 година.
Ј. Ѓ.