ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Угостителите тврдат дека го почитуваат протоколот, инспекторите разочарани – „начекале“ жива музика и играње на маса

May 30, 2020 08:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Отворивме по пропис, растојание метар и пол од маса, со дезинфекциски средства, без задржување на шанк, носење заштита. Буквално презедовме и правиме сè како што налагаат протоколите. Но, посетеноста е мала, максимум 10 – 15 отсто од она што беше до 13 март, кога затворивме. Сега, барем така покажуваат првиве неколку дена, ни е потешко отколку кога бевме во карантин. Трошоците се поголеми зашто набавките редовно течат, а треба да се обезбеди и плата за вработените.

Ова е ставот на некои од скопските угостители, три дена откако повторно ги отворија своите објекти. Уште е рано, велат, да се даваат какви било оценки. Единствено е извесно дека луѓето се плашат да излезат, да дојдат да испијат понекое кафе или пиво, а ако веќе се решат, во целост ги почитуваат мерките. Носат маски, па дури и внимаваат кога седнуваат – си се оддалечуваат сами, плус од она што е дефинирано, држат дистанца.

Угостителите имаат забелешка на протоколот. Сметаат дека мерките, па и контролите кај нив се поголеми, за разлика од другите дејности како: јавниот градски превоз, банките, мини маркетите. Таму, посочуваат, е полабаво. Не се согласуваат ниту со обврската да им бараат лични карти на гостите. Оценуваат дека е понижувачка за двете страни, и за локалите и за гостите, а се чувствуваат и како полицајци.

– Го отворивме локалот веднаш дента кога беше дозволено. На 28 мај. Сè е по пропис. Масите се поставени на бараното растојание, дозволуваме да седат максимум по двајца ако не се семејство. Дезинфекциски средства имаме поставено на сите маси, ги исклучивме сушачите за раце во тоалетот, напишавме дека не работат. Сепак, засега, нè посетуваат само 10 – 15 отсто од гостите што обично доаѓаа до 13 март. Мислам дека повеќето се исплашени, не излегуваат, а најголем дел не доаѓаат поради немаштијата и беспарицата периодов. Едноставно, не можат да се опуштат, да седнат, да се напијат, истакнува Методи Чолаков, еден од сопствениците на паб во центарот на Скопје што постои 15 години.

Гостите, вели Чолаков, се повеќе од свесни за коронавирусот. Сепак, мерките го ограничуваат уживањето.

– Повеќе од двајца не е друштво. На пример, доаѓаат тројца или четворица, пет души. Велат: И сега, како да праиме муабет? А не е спорно, ќе седнат на маса по двајца. Но, не е тоа тоа. Всушност, најголемата болка е што протоколот за кафетериите е едно, а за во банки, мини маркети е полабав. Тој што ги прави протоколите треба да води повеќе сметка, не може мерките да важат за едни, а за други да не важат, за едни да се ригорозни, за други не. Нас нè „бркаат“ цело време, а во автобуси се возат по 50 луѓе еден до друг, па уште и без маски. Значи, ако треба да се навикнеме да живееме со КОВИД-19, тогаш треба да бидеме сите еднакво третирани, укажува Чолаков.

Отпуштања на вработените немало, но дел од персоналот си отишол и моментно претежно работи достава на храна. Цените на пијалаците засега се исти.

– Ќе видиме како ќе биде, но ако вака продолжи, мислам дека ќе затвориме, потенцира Чолаков.

На прес-конференцијата одржана вчера директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауноски, соопшти дека, според првичните контроли на терен, поголем број од угостителите не го почитувале протоколот. Инспекторите „начекале“ жива музика, играње на маса, гушкање. Но, покрај тоа, биле навредувани и „бркани“ од кафеаните со зборовите: „Едуцирајте нè и напуштете го локалот“.

Пауновски најави дека инспекторите, освен што ќе продолжат едукативно да им помагаат на угостителите околу заштините мерки, ќе почнат да изрекуваат и казнени мерки. Контролите ќе бидат засилени и ќе се спроведуваат и во ноќните часови и за време на викендот.

– Не велам сите, но кај поголем број од угостителите при синоќешните контроли е утврдено дека воопшто не ги почитуваат протоколите. Морам да искажам огромно разочарување од нивното однесување, но и од однесувањето на оние што ги посетуваат. Наидувавме на понижување, „едуцирајте нè и напуштете го локалот“ велеа, што е крајно неодговорно и ниско, и од гостите и од сопствениците на објектите. Совеста и свеста на граѓаните, посебно на угостителите, затаи. Од денес, онаму каде што ќе констатираме нарушување на протоколите, ќе бидеме приморани да изрекуваме казнени мерки, нагласи вчера Пауноски./МИА/

 

Next Post

Влада: Ослободување од партиципација на осигурениците за здравствени услуги поврзани со Ковид-19

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk