ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Меркел ја одби поканата на Трамп во живо да присуствува на самитот на Г7

May 30, 2020 18:20
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германската канцеларка Ангела Меркел не ја прифати поканата на американскиот претседател Доналд Трамп во живо да присуствува на самитот на Г7 кој ќе се одржи во Вашингтон кон крајот на јуни поради пандемијата на коронавирусот, пренесува Политико.

Одбивањето на Меркел да присуствува на самитот ги поткопува обидите на Трамп овој настан да го претстави како показател за нормализација на ситуацијата во врска со пандемијата и е уште едно несогласување во затегнатите односи меѓу двајцата лидери, коментира порталот.

– Федералната канцеларка му се заблагодарува на претседателот Трамп на неговата покана за самитот на Г7 кон крајот на јуни во Вашингтон. Земајќи ја предвид севкупната ситуација во врска со пандемијата во овој момент, таа не може да се согласи да земе учество и да отпатува во Вашингтон, изјави портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт за Политико.

– Таа се разбира ќе продолжи да го следи развојот на пандемијата, додаде Зајберт.

Трамп повеќе пати ја критикуваше Германија и посебно канцеларката, во врска со различни прашања, од трговскиот суфицит на Берлин до трошоците за одбрана и посветеноста на НАТО. Меркел јавно го доведе во прашање едностраниот пристап на администрацијата на Трамп во однос на повеќе прашања во врска со надворешната политика, од климатските промени до Иранската нуклеарна програма.

Трамп поради коронавирусот го откажа самитот кој требаше да се одржи во март и најави одржување видео-конференција. Сепак, во твит објавен на 20 мај рече дека самитот би можел да се одржи и дека тоа би бил одличен показател за нормализација на ситуацијата во врска со пандемијата.

 

Next Post

Жестоки критики во Србија поради предизборен спот на Вучиќ во кој се појавува малолетно девојче

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk