Во знак на протест за смртта на Џорџ Флојд, Спајк Ли објави краток филм во кој е претставен начинот на третирање кон Флојд од страна на полицијата, како и Ерик Гарнер и Радио Рахим, лик од филмот на Ли, „Do the right thing“, пишува Гардијан.
3 Brothers-Radio Raheem, Eric Garner And George Floyd. pic.twitter.com/EB0cXQELzE
— Spike Lee (@SpikeLeeJoint) June 1, 2020
Спајк Ли на Твитер го објави краткиот филм со опис „3 браќа – Радио Рахим, Ерик Гарнер и Џорџ Флојд“.
Филмот започнува со зборовите „Ќе престане ли да се повторува историјата“, по што следат снимки од апсењата на Флојд и Гарнер. Двете апсења завршија фатално за уапсените. Во филмот од 1989, ликот Радио Рахим умира откако е задавен од полициски службеници.
Гарнер починал во 2014, откако бил уапсен во Њујорк, а полицаецот Даниел Панталео не бил обвинет за убиството. Флојд почина на 25 мај годинава во Минеаполис, а полицаецот најпрво беше отпуштен од должноста, а подоцна и обвинет за убиство од трет степен и измачување.
Во интервју за CNN, Ли вели „како може луѓето да не разбираат зошто некои луѓе се однесуваат онака како што се однесуваат? Ова не е нешто ново, истото го видовме во ’60-тите, убиството на Др. Кинг, секој пат за нешто не е задоволена правдата, луѓето реагираат вака за да бидат слушнати… Одново и одново го гледаме истото… земјава е изградена врз убиени афроамерикански тела“ вели Ли.
А. Н. С.