ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Можен карантин во Чаир и Студеничани

Според Филипче, во однос на кластерите, околу 70 проценти од сите новите случаи се од веќе познати кластери, пред сѐ од општините Чаир и Сарај, каде интензивно се работело изминатите денови. Денеска веќе во Сарај има само двајца новодијагностицирани, останува интензивна работа во населбата Чаир, рече Филипче, а додаде дека се работи и во Студеничани.

June 1, 2020 16:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно сите анализи констатирано е дека нема неконтролирано ширење на вирусот. Денеска се разговараше за евентуално воведување дополнителни рестриктивни мерки, но заеднички став беше дека ќе се почекаат податоците од следните два до три дена и потоа ќе се носи одлука.

Во меѓувреме поинтензивно МВР да работи на контрола на теренот за имплементација на мерките кои се во сила, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Додаде дека за дополнителни рестриктивни мерки се сметаат ограничување на движењето во смисла на карантин за одредени делови каде има поголем број дијагностицирани пациенти и воведува полициски час и тоа локализирано.

Еден од главните проблеми со кои се соочуваат, потенцира министерот Филипче, е слабата соработка со дел од граѓаните, одбивањето да се тестираат, да се пријават во болница дури и кога имаат симптоми и тоа, како што рече, многу често го прават нивните соседи. Апелираше дека сите мора да се придржуваат до препораките и да даваат целосни и вистинити информации до надлежните.

Според Филипче, во однос на кластерите, околу 70 проценти од сите новите случаи се од веќе познати кластери, пред сѐ од општините Чаир и Сарај, каде интензивно се работело изминатите денови.

– Денеска веќе во Сарај има само двајца новодијагностицирани, останува интензивна работа во населбата Чаир, рече Филипче, а додаде дека се работи и во Студеничани.

Комисијата за заразни болести ја анализирала состојбата во изминатите две недели, по што било заклучено дека и покрај високите бројки на новозаразени како што рече Филипче, нема пациенти кои се јавуваат во болниците, а тоа значи дека поголем дел се со лесна клиничка слика и можат да се лекуваат во домашни услови или еден добар дел се асимтопатски носители.

Во Штип, појасни Филипче, новодијагностицирани се околу претходно дијагностицирани вработени во неколку конфекции, а денеска и екипа од МЗ и Државниот санитарен инспекторат направиле увид во работата на Центарот на јавно здравје и на локалниот Кризен штаб што го води градоначалникот.

– Беше донесена одлука да се затворат пет конфекции до следниот понеделник, за кој период близу 600 вработени ќе бидат тестирани, рече министерот за здравство.

Според Филипче, во градинките досега се тестирани 3.500 вработени, а за тајмингот за нивно отворање ќе се дискутира во текот на оваа недела, а истото важи и за границите.

Во однос на тестирањето на дел од членовите на СДСМ по контактите што ги имале со потпретседателот на партијата Мухамед Зекири, Филипче информира дека по завршувањето на епидемиолошки анкети во текот на вчерашниот ден и утрово, во самоизолација се потпретседателит Дамјан Манчевски и Мила Царовска, како и за Марјан Забрчанец, позитивен е и тестот на Сања Лукаревска. Во овој момент, рече, треба да заврши и епидемиолошката анкета на премиерот Оливер Спасовски, но со оглед на контактите што тој ги имал, подвлече Филипче, голема е веројатноста дека ќе биде потребна самоизолација од две недели.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче потсети дека полицискиот час се укина врз основа на анализата и  проценката на состојбата во врска со новодијагностицираните  пациенти, меѓутоа и  врз основа на времетрањето на истиот и тоа што беше очекување во однос на ефектот.

– Добар дел  од сега новодијагностицираните пациенти се практично луѓе што  имале комуникација и што биле заразени со трансмисија на вирусот кога имаше ограничување на движењето. Податоците што  ги даваат во епидемиолошките анкети укажуват дека имало практично прекршување на тие мерки што тогаш биле и во однос на прекршување на движење и во однос на собирите. За тоа се пример семејните собири и секако превентивните мерки во однос на носењето на маските.

Ние во еден момент мораме да ги попуштиме рестриктивните мерки тие што тогаш беа на сила, но интензивно ја следиме секојдневно ситуацијата и како што кажав доколку има потреба согласно податоците, согласно  локацијата каде се детектираат новите пациенти начинот на трансмисија дали тоа бара или не некаква дополнителна рестрикција во движењето комисијата е спреман тоа да го  препорача. Морам да кажам  дека огромен дел од сите новодијагностицираните  практично кажуваат дека не се придржуваат до мерките за дистанца и носење на  заштитна маска, истакна министерот за здравство Венко Филипче./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Основците во Грција, под строги услови се вратија во училишните клупи

НАЈНОВО

Медицинска сестра сведочеше како се давале терапии додека Васев бил директор на Онкологија

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Убиената велешанка повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство, бил условно осуден на 9 септември

September 16, 2025

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk