ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Директорот на ЈПДП Китанов: Добиваме комплетен Кородор 8 за една година (ВИДЕО)

June 4, 2020 16:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов изврши увид во отпочната рехабилитација на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин (Фаза 2). Станува збор за делница долга 16,64 км со променлива ширина од 7 до 10 метри, проект финансиран од Буџетот на ЈПДП во вредност од 7,2 милиони евра.

Во моментов во атарот на село Војник екипите го гребат постоечкиот асфалт од десната сообраќајна лента. При увидот директорот Китанов изјави дека конечно во блиска иднина ќе заврши маката и голготата за жителите од оваа регија, и овој пат којшто е стар 30-тина години ќе биде квалитетно рехабилитиран и реконструиран за да биде долговечен бидејќи овде има фрекфенција на тежок соообраќај.

Тој информираше дека минатата недела е завршен и рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар и додаде дека очекува наскоро за пет, шест дена да биде завршено и обележувањето.

„Не застануваме тука, од Ранковце до Куманово има уште 30-тина километри. Отпочната е делницата, односно втората фаза, од патот Куманово кон Крива Паланка, од местото Војник до Ранковце кадешто се наоѓаме сега. Ова треба да биде завршено  пролетта 2021 година, но во разговор со одговорните од градежната компанија Бетон ми ветија дека ќе се потрудат и вложат напори, како што гледате имаат донесено соема нова механизација, и ова до Нова Година, согласно со временските услови, бидејќи тие се многу битни за овој вид на работа, ќе се потрудат овие 16 и пол километри да бидат завршени. Значи на веќе завршените 21 км се додаваат и овие 16,54 км”, изјави по увидот директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.
Тој рече дека во регионот на Куманово, се работи на многу патишта кои со децении биле запоставувани.  Очекува за една до две години со завршувањето на експресниот пат, фреквенцијата во овој регион да се олесни.

„Овој дел ќе биде реконструиран, и верувам дека Коридорот 8 ќе го добие заслуженото внимание. Се работи и на делот од Крива Паланка кон Деве Баир. Во кумановско речиси и да нема пат кадешто не се работи, го завршивме и патниот правец Куманово-Свети Николе од 43 километри. Остана само „Искрин Мост“, но Изведувачот е воведен во работа од пред еден месец. Се работи под мостот, се прават пристапни патишта и слични подготвителни работи. Овој мост е сериозен зафат, и тој сериозно бил запоставен многу години”, изјави Китанов.

Next Post

Од понеделник во Скопје ќе се прска против комарци

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk