„Повикувам на коректно однесување и давање на точна информација. Многу е важно луѓето да соработуваат и искрено да ги даваат одговорите затоа што така полесно, побрзо ќе ги најдеме контактите и ќе ги тестираме луѓето, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук.
„Има дел од луѓето како да се срамат да кажат дека се заразени со овој вирус. Ова може да му се случи секому, вирусот е присутен кај нас. Во статистиката на заразени, поголемиот дел е од одење на гости, ручеци, вечер. Се заразиле на поголеми собири“, рече Арбен Зибери, директор на Центарот за јавно здравје“, напиша Филипче.