ДИРЕКТОРОТ на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска информира дека на двајцата инспектори кои вчера вршеле надзор во угостителскиот објект каде беше затекнат и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не им било дозволено да направат контрола во внатрешноста на објектот. Против угостителскиот објект веќе е поднесена прекршочна постапка за спречување на службени лица да вршат службени дејствија, а денес и поднесена и кривичина пријава согласно член 205 и 206 од уредбата на Владата.
ФИЛИПЧЕ ја прими донацијата од 8 респиратори од Европската Унија, дел од донацијата од вкупно 20, со кои ќе се опремат и зајакнат капацитетите на здравствените установи. Министерот исто така најави и следен проект на ЕУ за опремување и зајакнување на поголем дел од одделенијата за интензивна нега во болниците. Тој се заблагодари на евроамбасадорот Самуел Жбогар за поддршката во справувањето со пандемијата од Ковид-19.
Од ВЕЧЕРВА (четврток, 4 јуни) во 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот стапува во сила забраната за движење за граѓаните кои живеат во општините на Градот Скопје (Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари) и околните скопски општини
МИНИСТЕРОТ за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работна посета во Прилеп изјави: Инвестициите во капиталните проекти се реализираат со големо темпо. Само овој месец преку ЈП за државни патишта ќе се распишат тендери за 7 патни прави во Пелагонискиот регион во должина од преку 140 километри и инвестиција од 25 милиони евра.
МИНИСТЕРСТВОТО за животна средина и просторно планирање го одбележува 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина со изработка на Студија за валоризација и Нацрт-план за управување со споменикот на природата Охридско Езеро, како и Нацрт-план за управување со идниот Национален парк Шар Планина, како резултат на одобрениот грант од Меѓунаропдниот сојуз за заштита на природата.
ДИРЕКТОРОТ на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов изврши увид во отпочната рехабилитација на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин (Фаза 2). Станува збор за делница долга 16,64 км со променлива ширина од 7 до 10 метри, проект финансиран од Буџетот на ЈПДП во вредност од 7,2 милиони евра.
ГРАД Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци, ќе започне на 08.06.2020 година (понеделник) и ќе се врши до 12.06.2020 година (петок), во период од 22 до 03 часот наредниот ден.
ПОРАНЕШНИТЕ американски претседатели Џими Картер, Џорџ В. Буш, Барак Обама и Бил Клинтон преку соопштенија ја осудија расната дискриминација во Соединетите Американски Држави.
По ПОВОД14 јули – Националниот празник на Франција, наместо традиционалната парада на Елисејските полиња ќе се одржи воена церемонија на плоштадот Конкорд, на која исто така ќе им се оддаде почит на здравствените работници.
ТУРЦИЈА планира, во текот на јуни, повторно да воспостави авионски летови кон околу 40 земји, а веќе има постигнато прелиминарни договори за реципроцитет во авиосообраќајот со 15 земји, изјави денеска министерот за транспорт Адил Караисмаилолу.
РУСКИОТ претседател Владимир Путин прогласи вонредна состојба откако 20.000 тони нафта се излеаја во река во Арктичкиот круг.
А. Н. С.