Министерот за здравство, Венко Филипче, уште еднаш апелира да се следат мерките за заштита од ширење на коронавирусот. Тој во пост на Фејсбук ги нагласи главните механизми кои секој треба да ги применува против заразата од Ковид-19.
Навистина не е тешко да се следат и почитуваат овие три клучни мерки за заштита од коронавирусот. Едноставно немаме и не постојат други механизми за заштита. Мора да се навикнеме да живееме со вирусот и да се штитиме постојано. Само така може да излеземе од кризата, апелира министерот Филипче.
А. Н. С.