Пиши-бриши академик: Ќулавкова напиша па избриша твит против соживотот „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“.
Со оваа очигледна алузија на етничкото читање на бројките на заболени од Коронавирусот, академик Катица Ќулафкова предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи кај многу јавни личности и луѓе од сите националности. По неколку часа, Ќулафкова го избриша твитот. Веднаш потоа, Ќулавкова се обиде се вади. „Твитот е личен и нема никаква врска со меѓуетничката македонска ситуација“. Ваквото објаснување, само го зголеми револтот. „Не ни го понижувајте интелектот..“…„ Би било академски, да се извинувате. Инаку, срам да ви е!..“, „За глупи ли не сметаш..“ се дел од одговоите кои академик Ќулафкова ги доби на нејзиниот Твитер профил.
Очигледно е потпалувањето на етничките тензии во последниве неколку денови. Но, за разлика од пред неколку години, очигледно е и дека соживотот е далеку позначаен и подрагоцен за многу граѓани на нашата земја, па ваквите глупости – не проаѓаат.