Во ПОСЛЕДНИТЕ 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19, информираше министерот за Здравство, Венко Филипче.
ЗОРАН Заев, преку пост на Фејсбук потсети на важноста секој доследно да ги почитува мерките за заштита од коронавирусот. Со мотото „Сега е моментот, За да успееме, мора да почитуваме“ Заев нагласи дека пред нас е клучен период во борбата со коронавирусот.
ДОЗВОЛЕТЕ ми да го изразам големото задоволство што конечно ќе добиеме сериозно македонско производство на пилешко месо за кое со години се одлеваа милионски суми за увоз“, објави на Фејсбук, Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, споделувајќи го интервјуто со Арбен Абдурахмани, стопанственик, дел од Конзорциумот „Интернационал Фреш Фуд“ за Агроном.
ОКОЛУ 115.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам, како дел од третиот пакет економски мерки со цел поддршка на туризмот, објави лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
ПЛАТФОРМАТА domasiedoma.gov.mk и pushimenevend.gov.mk преку која ќе се реализира мерката за ваучери за домашен туризам на Министерството за економија ќе биде оперативна во текот на следната недела, а преку неа Министерството за економија ќе ги испрати ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите.
ДЕН на македонскиот правопис – 7 јуни.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка по повод 75 годишниот јубилеј од усвојувањето на Решението за правописот на македонскиот јазик.
ЦИВИЛ медиа: Турбо генератори на лажни вести и говор на омраза – Фејсбук страницата „Следиме“.
ТРАЈАН Димовски, МЗШВ, во пост на Фејсбук соопшти за уште една успешна интервенција на УХМР за спречување на појава на град преку методата засејување на облаци, овој пат во Пелагонискиот и Преспанскиот регион.
ПОРТПАРОЛОТ на СДСМ, Костадин Костадинов во видео обраќање: Мицкоски мора да одговара кривично, како и секој што прекршил закони. Очекуваме исрагата да ги посочи сите виновници за овој случај.
За ВРЕМЕ на изолацијата воведена поради пандемијата на коронавирусот, 46% од населението низ светот сè уште нема постојан пристап до Интернет.
БЕЗ вода утре од 9 часот ќе останат фирмите од улицата „Јадранска магистрала“.
А. Н. С.





