ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Со засејување на облаци во Пелагонискиот и Преспанскиот регион спречена појава на град

Пелагонискиот и Преспанскиот регион во текот на вчерашниот ден (06.06.2020 година) беа зафатени од интензивна нестабилна воздушна маса која доаѓаше од југ. Со цел да се спречи појава на град, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје во периодот од 10:15 часот до 16:33 часот извршија авионско засејување на градоносните облаци.

June 7, 2020 17:06
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за хидрометеоролошки работи и Аероклуб Скопје, на 20 мај ја имаа првата успешна интервенција за спречување на појава на град со помош на новата метода за засејување на облаците. Оттогаш се спроведени уште неколку интервенции, а последната е од вчера (6 јуни) со која е спречена појава на град во Пелагонискиот и Преспанскиот регион, соопштуваат од МЗШВ.

Тогаш беше извршено дејство врз градоносни облаци со авионско засејување во регионот југозападно од Велес, во Општина Чашка и во регионот западно од Прилеп во Општина Долнени.

УХМР и Аероклуб Скопје, изминатиов период извршија неколку успешни интервенции за спречување на град со помош на авионско засејување на облаците.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, Трајан Димовски, во пост на Фејсбук соопшти за уште една успешна интервенција на УХМР за спречување на појава на град преку методата засејување на облаци, овој пат во Пелагонискиот и Преспанскиот регион.

Пелагонискиот и Преспанскиот регион во текот на вчерашниот ден (06.06.2020 година) беа зафатени од интензивна нестабилна воздушна маса која доаѓаше од југ.

Со цел да се спречи појава на град, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје во периодот од 10:15 часот до 16:33 часот извршија авионско засејување на градоносните облаци и потенцијално градоносни облаци со 135 палки, (една палка содржи 400г сребро јодит) со што е спречена  појава на град во овие региони, стои во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

А. Н. С.

 

Next Post

Костадинов: Мицкоски мора да сноси кривична одговорност за прекршување на мерките

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk