ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Состојбата со Ковид-19 во светот: Бројот на заразени надмина 7 милиони

June 7, 2020 19:33
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот со коронавирусот досега се заразени 7.037.144 лица. Од нив починале 403.345, а оздравеле 3.442.034 луѓе.

Белград – Во последните 24 часа, едно лице почина во Србија како резултат на коронавирусот, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство, covid19.rs. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 249. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 3.317 лица се тестирани на коронавирус, а вирусот е потврден кај 82. Бројот на активни случаи е 475. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.823 лица, а излечени се 11.056 граѓани.

Тирана – Албанското министерство за здравство и социјална заштита потврди дека се регистрирани нови 14 случаи со Ковид-19,со што вкупната бројка за заразени изнесува 1.246. Од вкупно заразените 938 се оздравени, додека 34 починале,сите боледувале и од други болести. Во последното деноноќие бројот на хоспитализираните лица во Инфективната болница се зголемил на 30, од нив шест пациенти се на интензивна терапија додека двајца се поставени на респираторна машина. Од појавата на пандемијата во оваа земја тестирани се 18.290 лица од кои 193 во изминатото деноноќие.

Њујорк – Зад Латинска Америка е уште една лоша седмица во однос на епидемијата на коронавирусот затоа што бројот на новозаболени и смртни случаи расте побрзо отколку во другите делови од светот, јави Си-Ен-Ен. Во овој регион регистрирани се речиси 1,2 милиони заразени, а починале повеќе од 60.000 луѓе. СЗО верува дека во Јужна и Централна Америка трансмисијата се уште не го достигнала врвот, а тоа значи дека бројот на заразени и починати ќе продолжи да расте.

Исламабад – Пакистан вчера пријави дека уште 97 лица починале од коронавирусот, што е најголем број на смртни случаи во еден ден. Вкупниот број на починати е 1.935, а вкупно се заразени 93.983 луѓе, 4.734 повеќе од претходниот ден.

Џакарта – Индонезија денеска пријави речиси илјада нови случаи на коронавирусот, што е нов дневен рекорд за земјата во која вкупниот број на заразени надмина 30.000. Во Индонезија со коронавирусот досега се заразени 30.514 луѓе од кои 1.801 починале.

Москва – Во Русија во последните 24 часа се регистрирани нови 8.984 пациенти заразени со коронавирусот. Повеќето од новозаразените се во Москва,. а повеќе од 85 проценти од нив се под 65 години. Во последното деноноќие починале уште 134 пациенти.

Сараево – Во последните 24 часа на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево тестирани се 212 промероци за Ковид-19, а коронавирусот е потврден кај 14 лица.

Љубљана – Во Словенија во последните 24 часа тестирани се 229 лица, а потврден е једен счичај на зараза. Вкупно се заразени 1.485 лица. Смртни случаи немало од 1 јуни.

Кабул – Во Авганистан е регистриран рекордан број на нови случаи за еден ден. Министерството за здравство пријави дека во последните 24 часа од 1.427 тестирани, позитивни биле 791 лице, со што вкупниот број на заразени надмина 20.000.

Исламабад – Бројот на починати од Ковид-19 во Пакистан денеска надмина 2.000, а потврдените случаи на зараза се доближуваат до вкупна бројка од 100.000./МИА/

Next Post

Волонтерите на Црвениот крст од Дебар во служба на граѓаните за време на полицискиот час

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk