ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Волонтерите на Црвениот крст од Дебар во служба на граѓаните за време на полицискиот час

Од четвртокот попладне и во деновиве од викендот, се до денес во 18 часот нашите волонтери услужија повеќе од десет лица кои се јавија на нашиот телефон 071-223-990. Нарачките се како за основни прехрамбени артикли така и за лекови, изјави за МИА, Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.

June 7, 2020 19:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Волонтерите на дебарската организација на Црвен Крст и понатаму неуморно се во служба на граѓаните кои имаат потреба од набавка на неопходни намирници и лекови за време на полицискиот час.

-Од четвртокот попладне и во деновиве од викендот, се до денес во 18 часот нашите волонтери услужија повеќе од десет лица кои се јавија на нашиот телефон 071-223-990. Нарачките се како за основни прехрамбени артикли така и за лекови, изјави за МИА, Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.

Додадава дека тоа е врз основа на донесената одлука, од страна на општинскиот Оперативен штаб, уште од прогласувањето на кризната сосотојба во оваа општина.

-По прогласувањето на кризна состојба, поради Ковид-19, на 13 март, волонтерите извршија околу 250 услуги на повозрасни и изнемоштени лица, како во градот така во селата, главно Долно Косоврасти, Гари, Осој, Долно Мелничани и Тресонче. Нашите волонтери ја преземаат нарачката, одат да ги набават потребните нешта и ги доставуваат до домот на граѓанинот, а плаќењето се врши на рака, врз основа на фискалната сметка, дообјаснува Телќиу.

Во периодов на пандемија со Ковид-19 волонтерите беа активно вклучени и во распределбата на хуманитарна помош, која во градот пристигна освен од Републичкиот црвен крст, други хуманитарни организации, како и поедници-нашинци кои живеат во САД и западно европските земји./МИА/

Next Post

Николовски: Успешна реконструкција на патот Делчево - Ѕвегор - Граничен премин

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk