ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изработена е Студија за валоризација на заштитеното подрачје парк-шума „Водно“

По донесување на Одлуката за прифатливоста на предлогот за прогласување на Водно за заштитено подрачје од страна на Владата, од МЖСПП информираат дека ќе следува јавна расправа по предлог-актот за прогласување на која ќе бидат поканети сите засегнати страни.

June 8, 2020 14:49
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА

За оправданоста од прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во согласност со Законот за заштита на природата и Правилникот за содржината на студијата за валоризација и ревалоризација на заштитени подрачја, се изработи Студија за валоризација на заштитеното подрачје парк-шума „Водно“, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Студијата е изработена во рамки на проект „Подобрување со управување со заштитени подрaчја” кој е финансиран од Европската Унија, преку ИПА 2 – Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција 2014-2020 година, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

– До МЖСПП предлогот за прогласување на Водно за заштитено подрачје во категоријата Заштитен предел (категоријата V – заштитен предел) е доставен од страна на Градот Скопје, (допис од 29 април годинава). Предлогот се заснова на Одлуката донесена од страна на Советот за градот Скопје на која ѝ претходела изработката на Студијата, комуникација на експертскиот тим со засегнатите страни, анализа на плановите за развој и искористување на природните ресурси, големината на подрачјето, неговата населеност, потребите на населението и традиционалните вредности, при што е утврдено од нивна страна дека категоријата V – заштитен предел, најдобро ја отсликува специфичната интеракција на луѓето и природата на Водно и дека е во согласност со IUCN стандарди, стои во соопштението.

Во оваа фаза на постапката, како што соопшти Министерството, биле одржани и две јавни расправи во организација од УНДП, Град Скопје и експертскиот тим, при што засегнатите страни дале свои предлози и сугестии за студијата за валоризација на Водно, кои биле разгледани од експертскиот тим што ја изработи Студијата и по вклучување на аргументите и забелешките, Градот Скопје ја доставил Студијата до МЖСПП.

– Врз основа на наведената студија, согласно Законот за заштита на природата МЖСПП ја води постапката за прогласување и за таа цел изработи „Информација за потребата од прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V – заштитен предел и Одлука за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел”. Оваа информација e доставена на мислење до Владата и до сите релевантни институции за разгледување и усвојување, се вели во соопштението.

По донесување на Одлуката за прифатливоста на предлогот за прогласување на Водно за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел од страна на Владата, од МЖСПП информираат дека ќе следува јавна расправа по предлог-актот за прогласување на која ќе бидат поканети сите засегнати страни. Актот ќе биде поставен и на ЕНЕР за коментирање. По јавната расправа, МЖСПП ќе го изготви конечниот акт за прогласување на Водно со вградени аргументирани предлози и сугестии од засегнатите страни.

– Потоа МЖСПП ќе го достави Актот за прогласување на Водно до Владата на разгледување и усвојување. Со оглед што Студијата на Град Скопје предлага степен на заштита во категоријата V – заштитен предел, за неа не е потребно донесување на закон за прогласување, туку само одлука на Владата, по предлог на Министерството. Студија за валоризација на заштитеното подрачје парк-шума Водно е објавена на веб страницата на МЖСПП на следниов линк, додаваат од Министерството./МИА/

Next Post

Преглед на вестите во 15 часот: Горивата од полноќ поскапи за еден до 1,5 денар, се подготвува економска мерка и за хотелиерите...

НАЈНОВО

Политички пресврт во Израел: Ганц повикува на нова влада за ослободување на заложниците

August 24, 2025

Почина албанскиот новинар и аналитичар Жеји

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Дронови над Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk