ФИЛИПЧЕ на денешната прес-конференција:
– Се покажа дека најголем број од заболените се всушност заболени на семејни или на други собири, па со ваквата стратегија и тестирање практично ги изолиравме сите контакти на заболените меѓу нив и оние кои немаа симптоми.
– Вирусот е тука. Непочитувањето на мерките за заштита го донесе овој втор бран на коронавирусот во нашата земја. Сите треба да извлечеме поука од тоа.
– Комисијата за заразни болести веќе го достави предлогот до Владата и во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето.
КОЛКУ долго ќе трае битката против коронавирусот зависи од секој од нас, истакна во видео пораката лидерот на СДСМ Зоран Заев.
НОВИТЕ случаи во Тетово се од руралните општини, градоначалничката против рестриктивните мерки. Во Тетово и тетовскиот регион денеска се регистрирани 10 нови случаи на заразени со корона вирусор, со што вкупниот број на овој регион стигнал на 292 заразени.
ФРОНТ: Ахмети без заштитни средства – Кој е проблемот на ДУИ, се прашува Сашо Орданоски во колумната за Цивил Медиа.
НАЦИОНАЛНИОТ совет за одржлив развој, денеска на оналјн седница го разгледа Доброволниот национален преглед за имплементација на „Агендата 2030“ на Организацијата на Обединетите нации, пред тој да биде разгледан и усвоен од страна на Владата.
НИКОЛА Димитров денеска остварил видео средба со словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар, на која се заблагодарил за континуираната и безрезервна поддршка на Република Словенија во процесот на интеграцијата во Европската Унија и НАТО.
ВО некои области на Шпанија, учениците се вратија на училиште, додека во други – отворени се ноќните клубови, како дел од натамошно олеснување на воведените рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.
БРИТАНСКИОТ премиер Борис Џонсон изјави дека антирасистичките демонстрации се „обесмислени од престапите“, откако демонстрантите ја урнаа статуата на трговецот со робови Едвард Колстон во Бристол и испишаа графити на споменикот на Винстон Черчил во Лондон.
СЕМЕЈСТВОТО на Џорџ Флојд побара Обединети нации да интервенираат во случајот на неговото убиство и да испратат препорака за реформирање на полицијата во САД.
ГРЦИЈА, Кипар и Ерменија ја блокираат кандидатурата на Турција за председател со Генералното собрание на ОН.
МАНЧЕСТЕР Јунајтед има сили да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер е убеден во ова.
АВСТРИЈА втор пат во рок од еден месец обезбеди донација за нашата земја, како поддршка во борбата против КОВИД-19.
Ј. Ѓ.