„Митко Чавков контактираше со тогашните началници. Тој му даде наредба на Митко Пешов полицијата да дејствува пасивно. Миле Јанакиески зборуваше со пратеници, разговараше со Крсто Мукоски. Спиро Ристовски со водачите на „За заедничка Македонија“ со Богдан Илиевски – Бетмен. Билјана Бришковска беше разочарана што Антонијо, Илија и Јохан не предизвикаа инцидент, па на Трајко Вељаноски му нареди да се отворат вратите“, изјави сведокот Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште за организаторите на 27 април.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Судењето на обвинетите за 27 април ќе продолжи на 19 јуни, со последниот сведок на обвинителството..