Преку Спиро Ристевски, кружеше информација ако ДИК не одлучи во нивна полза, треба да се влезе во ДИК насилно. 27 април ќе се случеше во тој период ако ДИК одлучеше во полза на опозицијата, изјави сведокот Александар Василевски – Нинџа, на денешното рочиште за организаторите на 27 април.
Василевски, кој е еден од 16-мината обвинети на вкупно 211 години затвор за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, на денешното судење како сведок рече дека на 3-4 мај во штабот на ВМРО-ДПМНЕ го сретнал јавниот обвинител Марко Зврлевски.
– Нека знае јавноста дека Марко Зврлевски, Гордана Гешкоска, Златко Бишовски беа подобни на службата. Билјана Бришкоска од 8 кат разговараше со Трајко Велјановски, рече Василевски.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Ј. Ѓ.