ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Адеми: Посакуваме враќање во училишните клупи од 1 септември

По повод крајот на учебната 2019/2020 година, министерот Адеми и на својот Фејсбук-профил им честиташе  на учениците за постигнатите успеси и стекнатото знаење, посакувајќи им  пријатен распуст до почетокот на новата учебна година, со надеж дека „ќе се вратиме во училишните клупи“.

June 10, 2020 10:50
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Сакаме учениците да се вратат на училиште зашто наставата таму нема замена, колку и да се трудиме. Ќе бидеме подготвени за какво било сценарио, но посакуваме во најнормални услови и околности да се вратиме во училиштата од 1 септември, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми во гостување во последната „ТВ Училница“ која од 16 март секој ден претпладне се емитуваше на Македонската радио-телевизија.

По повод крајот на учебната 2019/2020 година, министерот Адеми и на својот Фејсбук-профил им честиташе  на учениците за постигнатите успеси и стекнатото знаење, посакувајќи им пријатен распуст до почетокот на новата учебна година, со надеж дека „ќе се вратиме во училишните клупи“.

-Драги ученици, би посакал оваа учебна година, како претходните години да ја завршивте во училишните клупи, насмеани заедно со вашите другари и другарки! Но, понекогаш работите не одат како што сакаме ние…  И покрај фактот дека не може да се замени наставата во училишните клупи, вие покажавте максимален интерес и посветеност да продолжите да учите од далечина со помош на родителите, и не се сомневам дека сте ја постигнувале целта, напиша Адеми на Фејсбук и им предложи на учениците на распустот да прочитаат некоја книга или лектира и да се вклучат во спортски активности. На матурантите и дипломците, пак, им посакува успех во уписите.

Во гостувањето во „ТВ-Училница“ на МРТ Адеми посочи дека сите придонеле процесот на онлајн-настава да биде успешен – покрај учениците и наставниците, го цени и ангажманот на родителите.

-За волја на вистината, не одеше сè лесно во смисла на организирање и реализирање на образовниот процес, рече Адеми. Главни предизвици биле возраста на учениците, односно вештината на помалите за користење на електронските уреди, како и  проблемот  со интернет-пристапот на  ученици од социјано загрозените семејства што беше надминат.

За „ТВ Училницата“ на МРТ рече дека била беспрекорно организирана, а главен придонес имале самите  наставници кои секој ден учествуваа за да пренесуваат содржини од наставните програми.

Три наставнички кои беа денеска во „ТВ Училница“ оценија дека тоа била најпродуктивна образовна емисија во земјава. Имаат позитивно искуство и ова, сметаат, било можност целата јавност да дознае повеќе за нивната работа, но и да ја оценува.

Наставниците што биле дел од проектот „ТВ Училница“ се задоволни и од помошта и соработката што ја имале од  домаќините на емисијата  (Лина и Цветко од 5+ Фамилија, т.е. актерите Сања Арсовска и Игор Ангелов).

„ТВ Училницата“ беше наменета за  основците и за децата од предучилишна возраст и се организираше на македонски јазик на МРТ1 и на албански јазик на МРТ2. Од 9.30 до 10 часот секој ден во изминатите речиси три месеци имаше програма за претшколските деца, а по получасовниот „голем одмор“, од 10.30 до 12.15 часот се прикажуваше  „ТВ Училницата“ за основците./МИА/

Next Post

Твитер го прогласи 19 јуни - Денот на укинување на ропството за неработен ден

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk