ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ повеќе ќе се инволвира во борбата против лажните вести на Западниот Балкан

June 10, 2020 16:13
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Комисија денеска ја презентираше својата стратегија за борба против дезинформациите во контекст на кризата со Ковид-19, Западниот Балкан треба да биде поинтензивно вклучен во иднина, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Да се обезбедат точни информации и проверка на факти во соработка со дигиталните компании, истовремено сочувувајќи ги демократијата и слободата на изразување, ова е главната порака која произлегува од стратегијата на Европската Комисија за борба против дезинформациите во време на коронавирусот најавена денеска од страна на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел и еврокомесарката за вредности, Вера Јурова.

Комисијата предлага серија акции во соработка со новинарите, социјалните мрежи, дигитални платформи, властите, итн. за да се подигне свеста на граѓаните во однос на здравствените дезинформации, кои неретко се поддржани или промовирани од странски државни актери како Русија и Кина, изјавија денеска Борел и Јурова.

Во овој контекст Западниот Балкан зазема важна улога за Европската Унија бидејќи регионот е “борбено поле“ на кое овие странски сили шират дезинформации со цел да се ослабне поддршката за Европската Унија, објаснуваат од Европската Комисија.

Затоа Европската Комисија сака “повеќе да се инволвира“ во битката против лажните вести во регионот.

-Дезинформациите можат да бидат опасни како во ЕУ така и на Западниот Балкан и ние предлагаме фокус на Западниот Балкан, и веруваме дека Западниот Балкан треба да ни се придружи во дигиталниот систем, рече Јурова.

Конкретно, меѓу другото, ЕК планира да излезе со пакети помош за партнерите од регионот и поширокото соседство за да “промовира веродостојни информации и да се бори против дезинформации“, стои во стратегијата на Европската Комисија. Ова би подразбирало соработка со новинарите и медиумските куќи преку Делегацијата на ЕУ и амбасадите на земјите членки на Унијата.

Европската служба за надворешни работи пред неколку години создаде посебна единица за борба против дезинформациите, пред сѐ, за да се спречи руското влијание.

Но, извесно стана дека тимот на ЕУ за стратешка комуникација на Западниот Балкан, кој е  составен од малку луѓе, не е доволен за справување со предизвикот од лажните вести и силното влијание од Русија и Кина во регионот. Па така, со оваа засилена стратегија, Европската Комисија се надева дека ќе може поинтензивно да им помогне на западнобалканските земји, како и на другите партнерски земји од соседството и пошироко.

Според дипломатите со кои разговараше МИА, се разгледуваат можности како поддршка за независни тимови за проверка на факти, на пример, но и обука за новинари, обезбедување материјална и финансиска помош за постигнување на овие цели, како и образовни и информативни кампањи за подигнување на свеста на граѓаните.

Состојбата во регионот, меѓутоа, е посложена отколку во земјите членки, не само поради присуството на странски актери, велат во ЕУ, туку и поради тоа што земјите од Западниот Балкан се политички “поранливи“, партизираноста е силна, а граѓаните во овие земји се “лесни жртви“ на пропаганда, нешто што кризата со коронавирусот дополнително го истакна, велат дипломатите во Брисел.

Во наредните денови се очекува Европската Комисија да излезе и со попрецизни бројки за финансирање на оваа стратегија во регионот.. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Димитров – Дачиќ: Можност за отварање на границите во текот на јуни

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тејлор Свифт за љубовта, новиот албум и животот надвор од сцената

October 7, 2025

Димитриеска-Кочоска: Македонија дел од СЕПА, плаќањата кон ЕУ поевтини и за граѓаните и бизнисот

October 7, 2025

На 10 октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто жените живеат подолго од мажите – ново истражување ја потврдува хромозомската предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk