ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од 800 тестирани текстилни работници во Штип, 126 се позитивни на Kовид-19

June 10, 2020 20:36
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„По неколкудневното тестирање на над 800 работници во седум штипски текстилни фабрики, може да се каже дека состојбата со ковид-19, 90 отсто е ставена под контрола“, вели директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова. Таа појасни дека од вкупниот број на тестирани лица, 126 се позитивни или 15,7 отсто од тестираните. Најголем дел од позитивните, или 80 отсто од случаите, се со полесна клиничка слика или се без симптоми, пренесе Мета.мк.

Денеска истекува 14-тиот ден од регистрираниот прв заболен во конфекцијата „Ти стајал“, каде има 53 позитивни. Во текот на денот се земаат првите контролни тестови на заболените, со цел да се утврди евентуалната негативност, по изминувањето на 14 дена од појавата на болеста, период кога се очекува вирусот да е неутрализиран.
Освен во текстилните фабрики, поради позитивни случаи затворени се две подрачни единици на државни институции, додека една е затворена превентивно.

Затворена е подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), каде има шест заболени, додека се чекаат резултатите за другите вработени. Во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), кој се наоѓа во истата зграда како и ПИОМ, има еден позитивен.

– Непознато е дали се инфицирале од странки или од некој друг извор на зараза. Деноноќно анкетираат пет лица и се обидуваат да ги откријат сите контакти на заразените. Има заразени и во други институции. Тоа што со труд го направивме е стабилизирана ситуација моментално, сите лица кои се позитивни се ставени во самоизолација, и нивните семејства и контакти – изјави Димитрова.

Почетокот на ширењето на заразата во текстилните фабрики епидемиолозите го утврдиле низ анкетите, кој започна на 24 мај со првиот позитивен случај во конфекција. Она што е заклучено досега, на лицето кое прво бешe позитивно, и понатаму лицата кои се појавуваат позитивни, е дека остварувале контакт за време на работен процес, пауза, слободни дружења после работа и за време на патување во автобус.

Засега не е предвиден нови скрининг на конфекциите, бидејќи ситуацијата е под контола.

– Ситуација во најголем процент ја држиме под конторола. Имаме случаи секојдневно на појава на нови заразени, за кои се вршат анкети денеска. Анкетирањето нема да престане – кажа Димитрова.

Работниците кои имаат негативни тестови веќе се вратија на работа. Сепак, остана  прашањето, и покрај тоа што се негативни, дали е безбедно да се вратат на работа. Скринингот бил направен во договор со Комисијата за заразни болести и сите работници што се негативни, според Димитрова, можат да се вратат на работа под пропишаните услови за заштита. Над 500 луѓе се во изолација, а од денеска тој број најверојатно ќе биде поголем.

Има наплив од барања за тестирања преку матичните лекари, главно на луѓе од семејствата или нивни пријатели. Поради тоа, од Центарот за јавно здравје биле побарани повеќе термини за лица од Штип за тестирање.

– Од Центарот за јавно здравје им се дозволи преку „МојТермин“ на матичните лекари да пријавуваат лица кои треба да се тестираат. Моментно има многу лица, а тоа е причината што „МојТермин“ не може да одговори на сите бараања – објасни директорката на Центарот за јавно здравје во Штип.

Претстои нов скрининг, овој пат на детските градинки во Штип. Од утре, па во наредните два дена, треба да бидат земени тестови на 237 вработени.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Д-р Чепреганов: Новозаболените се од семејни собири, беше потребен консензус меѓу партиските и меѓу верските лидери

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тејлор Свифт за љубовта, новиот албум и животот надвор од сцената

October 7, 2025

Димитриеска-Кочоска: Македонија дел од СЕПА, плаќањата кон ЕУ поевтини и за граѓаните и бизнисот

October 7, 2025

На 10 октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто жените живеат подолго од мажите – ново истражување ја потврдува хромозомската предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk