Д-р Методи Чепреганов во интервју на Канал 5 зборуваше за пандемијата со ковид-19, причините за новиот број на заболени, скептизимот во јавноста и преземените мерки за спречување на ширењето на вирусот.
Тој посочи дека биле направени грешки во однос на забраните за движење за верските празници.
„Направени се грешки, бидејќи не беше предвидено што ќе се случи. Ако можеше, Ердоган да воведе 4 дена карантин, ако можеше Мека да се забрани, ако може Русите да не ја прават првомајската парада, можевме и ние тие 4-5 дена да ги ставиме под карантин.“, вели Чепреганов.
Тој вели дека за мерките против ширењето на вирусот неопходен е консензус и меѓу политичките и меѓу верските лидери.
„Треба заедно да се бориме, а не да префрламе вина. Комисијата извонредно ги постави работите, бројките паднаа се до моментот кога излегоа литиите. И после тоа се отворија и џамиите. За мене требаше консензус, и меѓу партиските лидери, ама и меѓу верските лидери. Нема тука јас ова, ти она, ти не знаеш, јас знам..Нема тука партиски игри, тука треба консензус“, смета д-р Чепреганов.
Чепреганов смета дека резултат на новиот број на заболени се семејни собири.