ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Опаѓа бројот на новодијагностицирани со Ковид-19 во земјава

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.

June 10, 2020 08:35
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Бројот на новодијагностицирани со коронавирусот во државава бележи намалување. Вчера беа регистрирани 87 нови случаи, завчера 127, а ден претходно 111 случаи.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.

Најголем број дијагностицирани 1.373 има во Скопје, додека бројот на активни случаи изнесува 760, потоа следат Куманово со 568 дијагностицирани и 150 активни случаи, Тетово со 301 дијагностицирани и 135 активни случаи, Штип со 223 дијагностицирани и 185 активни случаи, Прилеп со 218 дијагностицирани и 25 активни случаи…

Заклучно со податоците активни случаи во Скопје и околината има во: Чаир-192, Бутел-68, Центар-66, Гази Баба-63, Аеродром-61, Карпош-57, Сарај-55, Кисела Вода-37, Ѓорче Петров-23, Арачиново-23, Шуто Оризари-21, Студеничани-20, Илинден-18, Петровец-6, Чучер Сандево-3, Сопиште-2 и Странец-2.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот ФБ профил напиша дека само заеднички може да успееме во оваа битка и да го спречиме ширењето на коронавирусот.

– Апелирам сите да се придржуваме до мерките за заштита. Да носиме заштитна опрема, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Успешно се справивме со првиот бран, верувам дека и овој пат ќе донесеме правилни одлуки и побрзо ќе го спречиме ширењето на вирусот, напиша Филипче.
Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери истакна дека 60 отсто од вкупниот број активни случаи во градот се асимптоматски, што, како што рече, е многу важно и затоа сите треба да бидеме претпазливи.

– Во последниве денови имаме многу такви случаи, кои се асимптоматски и кои може полесно да ја шират болеста. Да ги почитуваме мерките, да ја држиме физичката дистанца, да не се групираме и да носиме заштитни маски, посочи д-р Зибери. /МИА/.

Next Post

Преглед на вести во 09 часот: Фејк патриоти од фејк-њуз партија, цена 200.000 евра, нема полициски час - има засилена контрола...

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk