ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на вести во 09 часот: Фејк патриоти од фејк-њуз партија, цена 200.000 евра, нема полициски час – има засилена контрола…

June 10, 2020 09:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ПОЛИТИКОЛОГОТ Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија во Скопје, смета дека е потребно да запрат партиските калкулации за датумот за избори.

ЗАСЕГА нема најава дали и кога би се одржала седница на Советот за безбедност со оглед на тоа што вонредната состојба, четврта по ред, истекува в сабота на 14 јуни. Дотогаш се очекува Владата да донесе став дали ќе побара продолжување на вонредната состојба, од што зависи и терминот за одржување на предвремените парламентарни избори.

ВЛАДАТА одлучи да нема полициски час, откако КЗБ во понеделникот достави предлог за полициски час во местата каде има најголем број заболени. Наместо тоа, ги задолжи МВР и инспекторатите да вршат засилени контроли во подрачјата со поголем број новозаболени од коронавирус.

БРОЈОТ на новодијагностицирани со коронавирусот во државава бележи намалување. Вчера беа регистрирани 87 нови случаи, завчера 127, а ден претходно 111 случаи.

По ПОВОД 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ, од 12:00 до 13:00 часот е планирано надлетување над Скопје со група на воздухоплови.

НИКОЛОВСКИ на Фејсбук: Уште еден фејк-њуз специјалитет од кујната на фејк-њуз партијата. Фрлаа луѓе во ендеци, а тој ден тргнаа и државата да ја фрлат во ендек. За 200.000 евра!

ТВИТОВИ на денот: Цена 200.000 евра.

Се ГРАДИ во пелагонискиот регион, ја завршивме реконструкцијата на патот од Тополчани до Прилеп, се гради патот од Кадино село до Галичани, наскоро ќе почне реконструкцијата на патот од Битола до Меџитлија, се обновува регионалниот пат Крушево-Слива-Пуста река и други капитални проекти коишто се одвиваат со одлична динамика, истакна Сугарески.

Со ПРЕПОРАКИ или без препораки, со високи или ниски рестрикции, ако одлучиме да не ги почитуваме препораките, ако притоа никој не санкционира, резултатот со бројот на заболени од Ковид-19 ќе биде секако ист. Ова го истакна директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

ЗА 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и околу 19 илјади првачиња, денес завршува учебната 2019/2020 година, првпат во вонредни околности и надвор од училишните клупи кои останаа празни од 11 март поради опасност од ширење на заразата со коронавирусот.

ДВАЈЦА вработени во Лекарска комора се позитивни на Ковид 19.

На КЛИНИКАТА за радиотерапија и онкологија се случил скандал во кој медицинска сестра која работела во дневната амбуланта, каде пациентите добиваат терапија, била фатена како краде цитостатик. Случајот е пријавен во полиција и отворена е истрага.

Во МАГАЦИН на „Амазон“ во Бад Харсфелд, во провинцијата Хесен во Германија, регистрирани се 17 работници заразени со вирусот Ковид-19.

ВРЕМЕТО во земјава ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

СООБРАЌАЈОТ на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

А. Н. С.

Next Post

Спасовски: Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеше за споменици додека патишта, болници, градинки и училишта се распаѓаа

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk