Твитер заедницата денеска беше многу активна по сведочењето на Александар Василевски – Нинџа кој рече дека Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит од ВМРО-ДПМНЕ, опeрскиот пејач Игор Дурловски, носител на листа во изборна единица 5 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и режисерот Борис Дамовски дека поделиле 200.000 евра.
„Протестите од здружението „За заедничка Македонија“, што ги водеа Богдан Илиевски – Бетмен, Дамовски и Дурловски беа гласници на партија ВМРО-ДПМНЕ. Добивав насоки од Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Кирил Божиновски“, изјави Василевски.
Во прилог ги објавуваме најактуелните твитови поврзани со оваа тема.
„На повик на Кирил Божиновски и Владимир Атанасовски, отидов во штабот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Никола Бошкоски. Се расправаа за пари, земени од некоја провизија. Требало кај Божиновски да се дадат, за раководството на партијата, а ги зел Александар, портпарол или шеф на кабинетот, кој беше во просторијата. Александар молеше да му дадат време да ги соберат. Се работеше за 200 илјади евра. Парите беа за протестите и за водачите: Борис Дамовски, Бетмен и Игор Дурловски. Тие секој ден доаѓаа да добиваат инструкции што да му зборат на народот и каде да се движат. Со Дамовски доаѓаше жена Иванка, кажа Нинџа на денешното рочиште за „27 април“.
По сведочењето на Василевски, преку фесјбук објава Богдан Илиевски порача дека ќе има правда, и Божја и судска.
„Околу 200-те илјади евра кои требало да ни бидат делени мене, на Борис и Дурло можам да кажам „колку сме зеле ние, иншала да има до крај на живот тој, но не и неговото семејство бидејќи не се они виновни што тој е таков каков што е“ – но нема да го кажам ни тоа. Верувам дека и на малите деца и на сенилни старци им е јасно колку е часот, кога дошол момент ваков човек да биде бастунот на кој ќе се потпира скичменото од лаги и нарачки обвинителство“, напиша Богдан Илиевски.
И.Т.З.