ШЕКЕРИНСКА: Датумот за избори не е политичка игра, државата не може да функционира без Парламент.
БЕКТЕШИ: Финансиска поддршка од 20 милиони евра за компаниите од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот.
ПРЕДВРЕМЕНИТЕ избори не се (секогаш) навремени избори – анализа на д-р Александар Љ. Спасов.
ВО наредните денови треба да биде објавена препораката на Европската Комисија (ЕК) за отворањето на внатрешните и надворешните граници на ЕУ. Се очекува таа да препорача изземање на земјите од Западниот Балкан од забраната за патување што ќе важи за третите земји.
ТИМОТ на ФРОНТЛАЈН со тема – Наставници за онлајн наставата: Со најмалите беше најтешко, потребна е унифицирана програма од МОН и обука за повозрасните колеги.
СЛОВЕНЕЧКИОТ народен театар – Драма Љубљана подготвува претстава според збирките раскази на Румена Бужаровска „Мојот маж“ и „Не одам никаде“.
ШИЛЕГОВ: Нови полуподземни контејнери се тестираат во Карпош 3.
ИВЕНТ индустрија ИВАП: Владата да го слушне нашиот глас, да почнеме со работа
СПАСОВСКИ во видео разговор со Трудо: Трудо истакна дека Канада продолжува да ги поддржува напорите и аспирации на нашата земја за членство во ЕУ, и упати честитки што Владата на Северна Македонија во изминатите три години успеа да постигне значајни резултати и да надмине големи предизвици за да ги реализира Евро-Атланските аспирации.
ДИМИТРОВ – Дачиќ: Можност за отварање на границите во текот на јуни.
ЕВРОПСКАТА Комисија денеска ја презентираше својата стратегија за борба против лажните вести и дезинформациите во контекст на кризата со Ковид-19, Западниот Балкан треба да биде поинтензивно вклучен во иднина
СПОРТСКАТА сала „Младост” во Неготино комплетно реконструирана за само 4 месеци. Целосно е обновена кровната површина, извршена е комплетна замена на стариот со нов под, како и реконструкција на просторот под трибините, кои досега не беа во функција.
АКАДЕМИЈАТА за судии и јавни обвинители (АСЈО), Државниот завод за превенција на детското престапништво (ДЗПДП) и Комората за медијатори на Република Северна Македонија денеска потпишаа, меморандум за соработка со кој ја потврдија заедничката заложба за развојот и унапредувањето на медијацијата во системот на правдата за децата, соопштија од АСЈО.