– Препораките на комисијата остануваат исти и бараме апсолутно да се почитуваат од сите граѓани. Пред нас е долга битка со вирусот и ние мора да научиме да живееме со него. Да ги почитуваме мерките кои се базираат на трите принципи – носење маски, одржување дистанца и хигиена. Мора да се почитуваат и здравствените работници и да се кажуваат точни информации. Само така ќе знаеме и пациентот по која патека ќе биде упатен. порачува министерот за здравство Филипче.