ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Георгиески ја поздрави, Мерко вели дека е сосема погрешна Уредбата за враќање на плажите на Охридското Езеро во првобитна состојба

June 12, 2020 12:00
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на 63-та седница ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, која се однесува на плажите кои биле предмет на закуп, а предвидува сите концесионери чии договори се истечени или раскинати задолжително треба да ги вратат плажите со кои стопанисувале во првобитна состојба.

Поделеноста по однос Уредбата највидлива е токму во реакциите на локалните самоуправи во Охрид и во Струга. Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески смета дека на тој начин конечно ќе се стави ред во искористувањето на брегот на Охридското Езеро за туристички цели.

-Оваа одлука придонесува за исполнување на визијата и целите на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, кои се во насока на минимизирање на заканите на исклучителната универзална вредност, е ставот Георгиески. Според него, уредбата ќе придонесе за исполнување на визијата и целите на Планот за управување со природното и културното наследство, а исто така ќе придонесе и за исполнување на насоките на УНЕСКО.

За разлика од него, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко одржа средба со концесионерите со плажи на струшкиот дел од крајбрежјето, на која било оценето дека се работи за погрешна одлука што ќе има сериозен негативен импакт врз туризмот и локалната економија. Струшката локална самоуправа со став дека одлуката ќе ја обжали пред Уставниот суд, со предлог прашањето околу стопанисувањето со плажите и крајбрежјето да се уреди со нов закон.

Министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми, синоќа појасни дека Уредбата останува на сила, а се предвидува откако плажите ќе бидат вратени во првобитна состојба, истите да бидат вметнати во Планот за управување со Охридското Езеро, а потоа општините Охрид и Струга да можат да носат одлука дали ќе распишуваат повици за стопанисување, која плажа ќе се издава, за каква намена и слично.

-Одлуката е директно врзана со препораките на УНЕСКО и имплентација на Планот за управување со Охридското Езеро…Ситуацијата не е идеална, но и ние како Влада и граѓанскиот сектор и сите граѓани имаме иста цел – сите заедно да се бориме за Охрид и тоа не поради УНЕСКО, туку поради нас. Пристапот можеби ни е различен, но целта ни е заедничка, рече Адеми.

Граѓаните ги искористија социјалните мрежи за да ги изнесат дијаметрално различните видувања по одлуката. За дел од нив плажите се украс на крајбрежјето, издавањето под концесија резултирало со уредување на просторот, со нагласок и на економскиот фактор дека голем број граѓани живеат од стопанисувањето со нив, оти значајно придонесуваат во локалната економија. Други ја поздравуваат уредбата и велат дека  концесијата значи едноставно начин да се дозволи богатење на поединци, атак врз природниот изглед на езерото, присвојување на јавниот простор и узурпација, одземање на простор од граѓаните кои, како што велат, останале без плажа на езерото.

Ј. Ѓ.

Next Post

Спасовски: Датумот за изборите е завршена тема за Владата

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk