ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

На третиот повик за млади истражувачи на ФИТР избрани 38 проекти

June 12, 2020 12:09
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Триесет и осум проекти на ученици од основни и од средни училишта се наградени и ќе добијат финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) кој денеска организираше завршен настан за презентација и прогласување на најуспешните проекти на третиот повик „Предизвик за млади истражувачи“.

Пристигнале 58 предлог-проекти базирани на научни методи. Од нив 28 се од основни и  30 од средни училишта од целата држава, а 38 проекти влегле во финална селекција и сите се избрани за финансиска поддршка.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски рече дека и годинава добиле многу интересни проекти и со 38-те наградени бројот достигнал до вкупно 100 досега (во изминатите три години), од училишта од сите градови во земјава и со учество на илјада ученици и нивни ментори.

– Бевме во дилема дали да го продолжиме повикот поради пандемијата зашто беше во тек,  но и покрај тоа што настава немаше во училиштата, сепак учениците пријавија проекти и имавме доставено од 60-ина основни и средни училишта. Затоа повикот не го прекинавме зашто најмалку што можевме да направиме е да го испочитуваме нивниот труд и напор. Затоа, ова е настан на кој ние им се заблагодаруваме, и ние како институција, и Владата, зашто тие и во тешки услови направија нешто корисно, истакна Деспотовски.

На настанот на кој училишните тимови на наградените проекти ги презентираа преку видеолинк, онлајн се вклучи и ги поздрави премиерот Оливер Спасовски. Им порача дека треба да останат креативни зашто така ќе го помогнат и развојот на државата. Со овој проект, рече тој, го поттикнуваат креативното размислување кај децата за да ги мотивираат да истражуваат. Порача дека секој млад човек треба да се докажува во природни и технички науки и овие повици се за да ги мотивираат.

– Нема поголем влог во науката и поголем влог од државата да инвестира во младите. Секој треба да се стреми да овозможи младите да истражуваат, пред сè, во дефицитарните науки, а имаме голем потенцијал кај младите. Во ова врме на пандемија, никако не смее да запре мотивираноста, истражувачкиот дух и желбата за нови знаења и во вакви времиња. На ваков начин се доаѓа и до здрави работни навики, но до израз доаѓаат и лидерските способности на секој млад човек. Ние возрасните и политичарите имаме обврска да ви ги отвориме патиштата на перспективата. Сите ваши успеси се огромна надеж и  радост за сите нас, за Владата, затоа што ќе изградите силен потенцијал за развој на нашата држава, рече премиерот Спасовски.

Фондот трета година по ред го организира  „Предизвик за млади истражувачи“ чија цел е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод. Директорот Деспотовски им порача на младите да ги следат повиците на ФИТР зашто ќе ги има и во иднина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Хеликоптерот на МВР повлечен од Визбегово поради густиот чад

July 9, 2025
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од Костадиновска Стојчевска: Извештајот на УНЕСКО се однесува на периодот 2017-2024 кога СДСМ беше власт

July 9, 2025

ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk