ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Армискиот полигон Криволак ќе биде најдобриот полигон за вежби на НАТО во Европа

Со инвестициите што веќе ги правиме, со модернизацијата која што ја планираме и со свои сили и со поддршка на американската Армија убедена сум дека армискиот полигон  Криволак ќе биде најдобриот полигон за вежби на НАТО на европскиот континент, истакна министерката Шекеринска.

June 12, 2020 21:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во посета на армискиот полигон Криволак, каде интензивно се вршат реконструкции и се создаваат поволни услови за негова употреба во полн капацитет со пробивање нови патишта до полигонот.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, заедно со шефот на канцеларијата за одбранбена соработка при амбасадата на САД, потполковник Ден Маједа, денеска извршија увид во градежните активности на полигонот Криволак каде инженерискиот баталјон на Армијата ја реконструира патната инфраструктура и пробива нови патишта.

Воениот полигон Криволак е одличен ресурс за нашата Армија, меѓутоа воениот полигон Криволак ќе стане одличен ресурс и за НАТО Алијансата. Со инвестициите што веќе ги правиме, со модернизацијата која што ја планираме и со свои сили и со поддршка на американската Армија убедена сум дека армискиот полигон  Криволак ќе биде најдобриот полигон за вежби на НАТО на европскиот континент, истакна министерката Шекеринска и додаде дека овој полигон за вежби го дава одговорот што е тоа што нашата земја може да го понуди на НАТО алијансата.

Шекеринска рече дека инвестициите направени во Армијата изминатиов период, особено инвестициите во инженерискиот баталјон се видливи на дело.

Покажуваме колку се важни инженериските единици во рамките на Армијата кои практично врз база на сопствени сили успеваат да градат инфраструктура на Криволак. Со оваа инфраструктура ќе ја зголемиме мобилноста во рамки на полигонот, меѓутоа и ќе го зголемиме капацитетот за изведување на вежби кои што навистина ќе бидат во ранг кој другите земји немаат ниту пак можат да си го дозволат. Јас очекувам дека ова ќе биде ресурс за нашата Армија, ќе биде ресурс за НАТО, но ќе биде ресурс и за локален развој бидејќи со можноста за изведување на големи вежби овде ќе имаме и поголема потрошувачка и поголем интерес од страна на повеќе НАТО армии.

Министерката Шекеринска им честиташе на припадниците на  инженерските единици кои со новата механизација бргу ги реализираат задачите. Колку модернизацијата ги зголемува капацитетите на армискиот полигон  Криволак ќе може да се види следната година кога во нашата земја ќе се реализира еден дел од најголемата вежба во Европа „Дефендер“ со учество на сојузнички армии, рече Шекеринска.

Мислам дека ова покажува кои се капацитетите на нашата Армија и дека не е случајно тоа што е таа веќе НАТО Армија, изјави министерката.

Командантот на инженерискиот баталјон потполковник Томе Пеев рече дека инженерискиот баталјон веќе 30 дена работи на изработување на нова и  реконструкција на постоечката инфраструктура на АП Криволак со цел да се обезбеди систем  обиколница околу периметарот на границата на АП Криволак и внатрешно поврзување со вкупна должина од 75 км.

Next Post

Жбогар: Во прашање се денови кога Комисијата ќе ја предложи преговарачката рамка

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk