ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чулев без оглас ја унапредил сопругата на Чавков за три скалила повисоко во МВР

June 13, 2020 16:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јасмина Чавкова, сопругата на ексдиректорот на БЈБ и осуден за „27 април“, Митко Чавков, е унапредена во МВР за три скалила повисока позиција од страна на техничкиот министер, Наќе Чулев, дознава „А1он“. Решението за прераспределување на Чавкова не го потпишала  дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска, бидејќи, сметала  дека не е во согласност со законот.

Сопругата на Чавков претходно била виш инспектор во СВР Скопје, а сега, по унапредувањето, таа е виш полициски советник во Бирото за јавна безбедност. Унапредувањето од три работни позиции е спротивно на систематизацијата, која дозволува преместување за две позиции. Министерот Наќе Чулев не одговори на нашите повици и писмено најави дека подоцна ќе даде став околу прераспределувањето.

Според информации на „А1он“ решението се спроведува без потпис на Петровска, како што тоа беше случај  и претходно, кога дополнителната-заменик министерка не се согласуваше со кадровските одлуки на министерот Чулев. Началникот на СВР Скопје, Ристо Ставревски, за „А1он“ вели дека треба да провери дали Чавкова е прераспределена на новото работно место, по што ќе даде одговор.

Дополнителната заменик-министерка, Петровска, за „А1он“ потврди дека не го потпишала решението за унапредување на Чавкова, а на Чулев му објаснила зошто постапила така.  Според неа, прераспределбата без интерен оглас штети и на другите вработени во МВР, бидејќи, на тој начин се лишени од еднаквата  можност да ја добијат таа работна позиција.

„Не се сложив бидејќи е прераспределување кое се прави од пониска на повисока позиција со неколку скалила повеќе. Согласно Законот за внатрешни работи на кој постојано се повикува техничкиот министер Наќе Чулев, треба да се распише интерен оглас, на кој сите вработени кои ги исполнуваат условите може да се пријават. Тоа не е направено, што значи, не им е даден еднаков пристап на сите вработени за таа работна позиција“, посочи Петровска.

Според хиерархијата во Бирото за јавна безбедност, за да се стигне до работната позиција виш полициски советник, претходат позициите самостоен инспектор, главен инспектор, полициски советник, а за секоја од нив, морално е да се распише интерен оглас за распределувањето да биде во транспарентна постапка, на кој право да се пријават имаат вработените кои исполнуваат услови.

Министерот Чулев најави дека ќе одговори дали распределувањето на Чавкова го направил согласно закон, како и зошто не распишал интерен оглас кој го бара Петровска.

Next Post

СДСМ со реакција на изнесените ставови на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk