Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во објава на социјалната мрежа Твитер, по вчерашниот неуспешен трет обид да најдат заедничко решение со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја нагласи итната потреба и неопходноста од избори во најбрз можен рок.
Изборите се итно потребни за нашата држава и нашиот народ, за подобро справување со здравствената и економската криза, за да ја дочекаме есента со целосно подготвени институции.
Затоа ни требаат изборите што поскоро – не заради пуст датум или заради пусто партиско его.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) June 13, 2020
Заев ја нагласува важноста на враќање на институциите во целосно функционирање, а со тоа и подобро справување со настаната здравствена и економска криза.
А. Н. С.