ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дескоска: Уредбите со законска сила може да регулираат и дејствија по завршувањето на вонредната состојба

Таа потсетува дека, исто така, со Решението У.бр42/2020, Уставниот суд се изјасни и по однос на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес и одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста.

June 14, 2020 17:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уредбите со законска сила може да регулираат и дејствија кои би се презеле во рокови и по завршувањето на вонредната состојба, односно да регулираат мерки кои ќе имаат правно дејство и по завршување на вонредната состојба, а тоа се однесува и на мандатот на ДИК, вели министерката за правда Рената Дескоска.

-Укажувам дека Уставниот суд веќе се изјасни за времетраењето на уредбите со законска сила.
Одлучувајќи да ја отфрли иницијативата за Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, Уставниот суд оправдано прифати дека не е неуставно уредбите со законска сила да може да регулираат и дејствија кои би се презеле во рокови и по завршувањето на вонредната состојба, односно да регулираат мерки кои ќе имаат правно дејство и по завршување на вонредната состојба, напиша на својот фб профил Дескоска во врска со зачестените прашања за времетраењето на уредбите. .

Ваквиот став на Уставниот суд, додава таа, е особено значаен за многу од мерките кои беа преземени за справување, особено со економските последици од епидемијата со Ковид – 19, бидејќи е јасно дека е неопходно тие да имаат правно дејство и по завршување на вонредната состојба се до свикување на Собранието на Република Северна Македонија кое ќе може овие прашања да ги регулира со свои акти.

Таа потсетува дека, исто така, со Решението У.бр42/2020, Уставниот суд се изјасни и по однос на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес и одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста.

-Уставниот суд вели: „очигледно е дека продолжувањето на мандатот на членовите на Државната изборна комисија се протега на период по завршување на вонредната состојба, но тоа е во согласност со целта заради која е донесена оваа мерка – непречено спроведување на предвремените избори за пратеници по престанокот на вонредната состојба, поради што има свое оправдување кое нема основ уставно-правно да се проблематизира, децидна е Дескоска.

Продолженото времетраење на правното дејство на уредбите со законска сила и по завршувањето на вонредната состојба, според неа, е во случаи кога со тие акти се уредува материја која е тесно поврзана со причината која предизвикала настанување на вонредната состојба и ако е соодветна мерката, како и ако уредбата со законска сила не „затвора“ некој правен однос настант пред прогласувањето на вонредната состојба.
-Мандатот на ДИК продолжува, матурантите може да бидат мирни – врз основа на уредбата ќе се запишат во септември на факултет без матурски испит, а оние кои примаат парична помош врз основа на уредба – ќе продолжат да ја примаат и понатаму, порачува министерката Дескоска.
Next Post

Петар Ристески од ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Прилеп на групна фотографија, само двајца носат заштитни маски

EVN

НАЈНОВО

Белата куќа објави порака од Трамп – Нема договор со Иран освен безусловно да се предаде

March 6, 2026
Фото ССМ

ССМ најави протест на 14 март: „Колку ќе дојдете, толку и ќе добиеме“

March 6, 2026
Илистрација Фронтлајн

Војната со Иран ја чини Америка речиси милијарда долари дневно – колку долго може да трае оваа стратегија?

March 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

    ЕУ подготвува нови правила за проширување за да спречи „Унгарија 2.0″?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Курдите се во центарот на новата војна во Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Работниците не можат да преживеат а Христијан им вели не одите на одмор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанец пукал во домот и се заканувал со пиштол на сопругата и ќерките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk