ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Некој сака да скрие нешто, ние тоа нема да го дозволиме, се работи за човечки животи

Тие што се прават (а не се) големи поборници на фактите и на професијата, допрва ќе црвенеат. Најлесно е да се биде зајадлив и саркастичен по социјалните мрежи, но кога ќе се стапне на таа патека, добро е образот да биде чист, а и долната облека.

June 14, 2020 13:55
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПАНДЕМИЈА, ФРОНТ

Фронтлајн во петокот, 12 јуни, објави дека докторот што ја породил пациентката, позитивна на КОВИД-19, исто така е позитивен. Подоцна, во текот на вечерта, беше објавена исправка:

„Се работи за сомнеж, односно за тест кој не е признаен и врз чија основа не може да се тврди дека некој е позитивен или не. Докторот, за кој денеска пишуваше Фронтлајн, ќе биде подложен на тестирање дури идната недела, а во меѓувреме е подложен на здравствените протоколи, односно е во самоизолација.“

Но тоа не е најголемиот проблем. Всушност, целата драма не се насочи кон дилемата дали и каков тест е во прашање. Намерно или не, се занемаруваат далеку поважни факти кои се однесуваат на грешките и немарноста на поединци во институциите.

Затоа, оваа тема ќе ја оставиме отворена, бидејќи во неа се кријат низа неодговорени прашања кои, се чини, некој се труди да ги замагли. Уште еднаш, не се работи ни за тоа дали нечиј тест е позитивен или не, дали тестот е официјален или не, туку како дошло до сите скандалозни настани поврзани со овој случај. Како дошло до, благо речено, чудните околности околу пациентката со КОВИД-19 која, од државната ГАК, со породилни болки, се појавила во приватната „Ремедика“, а притоа дел од документацијата исчезнува. Ќе побараме уште објаснувања, ќе откриеме уште факти.

Како, всушност, функционира системот? – тоа е главното прашање.

Фактите што ги прибравме во врска со овој случај се непобитни. Тоа што го дознавме, тоа и го напишавме. Тоа што беше изјавено, тоа го пренесовме. Ги почитуваме сите стандарди, а за тоа постојат и цврсти докази.

Тие што се прават (а не се) големи поборници на фактите и на професијата, допрва ќе црвенеат. Најлесно е да се биде зајадлив и саркастичен по социјалните мрежи, но кога ќе се стапне на таа патека, добро е образот да биде чист, а и долната облека.

Злорадоста на некои ликови што цел викенд се занимаваат со Фронтлајн, ќе им се лупне од суетата. Ќе си ја собираат после својата искршена суета по тротоарот, како ситни жолти парички.

На сите што се заразени од коронавирусот, им упатуваме силни и искрени желби за побрзо закрепнување. Чувајте се!

Некој сака да скрие нешто, но ние тоа нема да го дозволиме. Се работи за човечки животи!

Џабир Дерала

 

Next Post

Дерала: Избори требаше да има и порано, краен датум е 5 јули

НАЈНОВО

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

August 22, 2025

Велика Британија, Франција и 19 други земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

August 22, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп ќе патролира со Националната гарда по улиците на Вашингтон, вели – Сега сите се безбедни

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk