По два негативни тестови за коронавирусот, се враќам на моите секојдневни обврски. Сакам од срце да им се заблагодарам на сите кои ми дадоа поддршка овој период – морална и функционална, напиша на Фејсбук, Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи која беше заразена со ковид-19.
„По ова искуство сакам да упатам порака до сите наши сограѓани – бидете одговорни, но и солидарни. Ова е вирус кој може да допре до секој од нас. Да бидеме многу внимателни, да ги заштитиме нашите блиски и сите сограѓани. Да подадеме рака и да дадеме силна поддршка на оние кои се соочуваат со вирусот, заедно со сите опасности кои ги носи.
До сите кои имале контакт до КОВИД-19: Сочувство за загубените животи и лесно опоравување за оние кои се борат за своето здравје.
Секоја чест за здравствените работници, кои храбро и решително застанаа и останаа во првите борбени редови. Да им помогнеме, да продолжиме да ги почитуваме мерките. Да бидеме тука еден за друг – силни и обединети!“, напиша Лукаревска.