ОВА мора да заврши и знам дека преку глава му е на секој граѓанин од партиските игри и од фамозниот датум за избори. Ајде, време е ова да го расчистиме!, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција.
ЗАЕВ: Ова е за спас на државата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се повикани да одговорат и да влезат во демократскиот процес заедно со сите други политички чинители во земјава.
ДРЖАВНАТА здравствена комисија пред 10 дена има испратено здравствен протокол до Државната изборна комисија (ДИК), но убаво е и ние политичките партии да изградиме заеднички ставови, рече денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Се ОЧЕКУВА ДИК да постапи согласно Уставот, Изборниот законик, уредбите и сопствените заклучоци и да ги активира изборните дејствија, се наведува во соопштението по денешниот состанок на премиерот Спасовски, министерката Дескоска, министерот Филипче и генералниот секретар во Владата Драги Рашковски со членовите на ДИК.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Стево Пендаровски го поздравува постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии, предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули годинава.
Го ПОЗДРАВУВАМ договорот постигнат меѓу двете главни политички партии во Северна Македонија за одржување на изборите на 15 јули, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.
ФИЛИПЧЕ: По олабавувањето на рестриктивните мерки практично во сите земји во регионот се регистрираат нови случаи со коронавирусот – 57 во Албанија од извршени 362 тестирања, 50-тина во Косово.
– Мајките, односно родителите на деца до 10 години се ослободени од работа и верувам дека овој административен проблем може да се реши.
– Филипче ги истакна најважните точки околу справувањето со коронакризата, кадровските засилувања во здравствените установи каде е потребно и нагласи дека градинките сѐ уште не се отворени за заштита на најмладите
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Општина Штип, Благој Бочварски на прес-конференцина информираше за постапката за отпочнување на изградба на најголемиот капитален проект за Штип, брана на река Отиња.
СУГАРЕСКИ: Социјалната зграда во Виница е еден од проектите со кој ќе им помогнеме на 36 најзагрозени семејства од општината. Според информациите од изведувачот, а и она што го видовме на терен, најверојатно таа ќе биде завршена многу порано до планираното.
БРИТАНСКАТА Амбасада Скопје поради коронавирус кризата, наместо традиционалниот прием за роденденот на Кралицата, годинава прославува 27 години пријателство и билатерални релации помеѓу Британија и Северна Македонија.
ЕВРОПСКАТА комисија претстави Интернет страница на која луѓето што патуваат во ЕУ можат да проверат какви се условите во државата во која сакаат да отпатуваат.
А. Н. С.