Откако лидерите на двете најголеми партии се договорија за предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули, договорот го поздрави и потпретседателката на Владата и Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
Не сме исти. Не создаваме поделби, туку наоѓаме решенија. Тоа што тие не го направија ниту еднаш во 11 години. 15 јули е конечниот датум за избори.
СДСМ е носител на одговорна власт, која после 15 јули ќе продолжи да ја води државата на исправниот пат, уште подобро. Тоа го знаеме и го можеме!, напиша министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во пост на Фејсбук.
A. Н. С.