Членови и симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваат невини животни за да упатат закани кон политичките неистомисленици. Една таква вонемирувачка фотографија е објавена на фејсбук профилот на извесен Ѓорги Стојков Ќосето. Тој на фотографијата за уши држи зајак со прст вперен (како пиштол) кон животното и на самата објава напишал „ГОТОВ СИ“.
Во коментарите под истата објава може да се забележи дека заканата се однесува на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Извесен Николче Лидер Павлов се надоврзува со уште поексплицитен коментар. На фотографијата се гледа како Павлов држи зајак за уши со нож под неговиот грклан. Следува коментар „не ти е ништо криво, ама дави го, мисли си дека е Заев.
Ова не е првпат симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и вработени на повисоки функции да објавуваат закани по живот на членови на СДСМ, а посебно за претседателот на партијата Зоран Заев.
ФРОНТЛАЈН веќе објави неколку текстови во кои животни се користат во заканите, каде може да се види дека освен омразата на говор, повиците за линч на луѓе, политичари, нехуман третман се практикува и кон животните. На компромитирачките фотографии многу често може да се забележи употреба на оружје. Од ножеви, мачети, сабји, па дури и огнено оружје.
Активист на ДПМНЕ, поранешен вработен во државната администрација, пред неколку месеци објави смртни закани на социјалните мрежи. Фотографија на која е сликан со огнено оружје и мачета, и „се пресметува“ со тогашниот премиерот Зоран Заев, тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.
Станува збор за Сане Јованов, активист на ВМРО-ДПМНЕ од Чешиново-Облешево, организатор на голем дел од минатогодишните протести на земјоделците.
Во февруари, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое на Фејсбук му се зканувало на тогашниот премиер Зоран Заев, а делчевец јавно му се извини на тогашниот премиер за Вибер преписка од пред две години.
И.Т.З.