ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Дали гледате за што всушност се работеше и каква беше оваа злоупотреба на пандемијата за државата да се држи во заложништво!?

Не пуштај назад (читај повторно конституирање на Собранието), не пуштај напред кон избори, барај одложување, блокирај кредити потребни за справување со економските последици, разнишувај ја грижата за здравјето и санкционирањето на рестриктивните мерки, злоупотребувајќи го својот министер, а притоа обвинувај ја техничко-пржинската влада во која самиот учествуваш, истакнува министерот Димитров.

June 16, 2020 14:48
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во пост на Фејсбук ги истакна своите ставови за предвремените парламентарни избори, неизвесноста околу датумот, и како што и самиот вели „ценкањето“ дали ќе бидат на 5 јули или само 10 дена подоцна.

Стравот од изборен пораз, не е и не можеше да биде легитимна причина да се бега од волјата на народот. Посебно не за партија која постојано го узурпира и се дрзнува да зборува во името на народот. Како што не смееше да биде ниту легитимна причина за бојкот „ценкањето” дали изборите ќе бидат на 5 јули или десет дена подоцна.

Внимавајте, не зборувавме овде за немање услови за фер мегдан, за притиснати медиуми, за полиција ставена во функција на владејачките партии (полицијата впрочем ја води министер од редовите на опозициската партија), за пазарни инспектори кои се испраќаат по „непослушни” компании.

Ваква брутална негрижа за државноста, за уставниот поредок, за функционалноста и легитимноста на институциите во услови на здравствена криза е незамислива.

Не пуштај назад (читај повторно конституирање на Собранието), не пуштај напред кон избори, барај одложување, блокирај кредити потребни за справување со економските последици, разнишувај ја грижата за здравјето и санкционирањето на рестриктивните мерки, злоупотребувајќи го својот министер, а притоа обвинувај ја техничко-пржинската влада во која самиот учествуваш…

Не велам дека сите сектори совршено одговорија на предизвиците од пандемијата, но дали гледате за што всушност се работеше и каква беше оваа злоупотреба токму на пандемијата за државата да се држи во заложништво!? Каква врска има ова заробување на институциите со грижата за јавното здравје?

Затоа, потегот на Заев да излезе во пресрет на барањето за избори на датум по волја на опозицијата треба да се поздрави, како одговорен и државнички потег. Со тоа, останувајќи без ниту еден изговор, опозицијата конечно ќе се соочи со волјата на народот. Сакате избори на средината на јули? Повелете, напиша министерот Димитров во својот пост на Фејсбук.

Next Post

Дестани им го расипува сонот на интегративците: Не се кандидирам, посакувам Влада за доброто на сите граѓани

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

October 31, 2025

Пентагон го поддржа барањето за „Томахавк“ за Украина, Трамп треба да одлучи

October 31, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk