Николче Лидер Павлов вечерва испрати порака на Фејсбук страницата на Фронтлајн, преку која се извинува за објавената фотографија на која држи зајак за уши со нож под грклан, како коментар во друга објава во која станува збор за линч на лидер на политичка партија.
Павлов во пораката се извинува што предизвикал револт во јавноста, вели дека ги сака животните, дека никогаш не би ги повредил и дека неговата фотографија нема никаква врска со повик за линч на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Претходно, Фронтјалн објави текст под наслов Членови на ВМРО-ДПМНЕ користат невини животни и оружје во повиците за линч на политичките опоненти, а во содржината беше објавена и спорната фотографија.
Покрај оваа фотографија, која беше објавена како коментар, беше објавена уште една вонемирувачка фотографија на фејсбук профилот на извесен Ѓорги Стојков Ќосето.
Тој на фотографијата за уши држи зајак со прст вперен (како пиштол) кон животното и на самата објава напишал „ГОТОВ СИ“.
Тим Фронтлајн