ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Стево Пендаровски донесе нова одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба на територијата на целата држава.
АПЕЛИРАМ до родителите да им укажат на децата и на младите да носат заштитни маски и да не се групираат, напиша министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук.
ПОБАРАВМЕ помош од Собранието од правната служба за издавање и го разгледуваме законот за управна постапка и размислуваме јавно да ги објавуваме лицата кои се во изолација. Тоа многу брзо ќе го решиме, рече Филипче на прес-конференција.
Во БОЛНИЦИТЕ вкупно се хоспитализирани 318 пациенти, т.е. 14 отсто, а 86 отсто се лекуваат во домашни услови. Дополнителен капацитет ќе има и со монтажната болница која е целосно подготвена и достапна за лекување на пациентите со коронавирус.
По ДВА негативни тестови, се враќам на моите секојдневни обврски. Сакам од срце да им се заблагодарам на сите кои ми дадоа поддршка овој период – морална и функционална, напиша на Фејсбук, Сања Лукаревска.
НА15 јули победуваме затоа што ги решаваме проблемите наместо да се криеме од нив, пишува на Фејсбук фан страницата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
ЈОВАН Митрески од СДСМ: Можеше еднаш ВМРО-ДПМНЕ да излезе и за нешто да пофали дека добро е сработено, ама тие сакаат да создаваат хаос и нервоза. Можеа да честитаат за пресадувањето на срцето, да му честитаат на здравствениот систем кој успеа во намерата, иако беше наследен лош здравствен систем.
БЛИЗУ 30 милиони евра потрошиле македонските граѓани на е-продавници во првите три месеци од годинава, а само во март 10,1 милион.
ЗАЕДНО со албанската опозиција, исто како при изборот на претеседателот на Собранието, Талат Џафери ќе го избереме и новиот премиер Албанец, рече Артан Груби.
ГРЧКАТА Влада доцна синоќа донесе одлука да им дозволи преминување на границата и на српските државјани на границата меѓу Бугарија и Грција.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на САД, Доналд Трамп ги поканил лидерите на Косово и Србија на состанок во Белата куќа на 27 јуни, со надеж дека ќе им овозможи на двете страни да постигнат договор пред претседателските избори во САД.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, првата жена-космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Васток-6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут.
ФИНАЛЕТО на Лигата на шампионите за 2021 година ќе се одржи во Истанбул, а тоа во рускиот град Санкт Петербург ќе се пресели во 2022 година.
ШЕФОТ на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус изјави дека земјите „мора да бидат предупредени за можноста за повторно разгорување на коронавирусот, откако Европа продолжи да се отвора, а Кина се соочи со нови случаи на коронавирус, по што беа затворени делови од главниот град Пекинг.
ВРЕМЕТО ќе биде променливо облачно, претпладне понекаде со локален дожд, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
А. Н. С.