АНКЕТА: СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со четири процентни поени, Алијанса на Албанците пред ДУИ На прашањето: „Која партија ќе победи на изборите“ – 23,8 отсто одговориле дека тоа ќе биде коалицијата на СДСМ и Беса, додека 12,5 отсто мислат дека тоа ќе биде коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Според анкетата, Коалицијата на Алијансата и Алтернатива има мала предност пред ДУИ, пишува Независен весник.
ФИЛИПЧЕ: Пораките на поглаварот на ИВЗ дека коронавирусот е сè уште тука, се значајни за подигање на свеста.
ЕКСПЛИЦИТЕН говор на омраза и закани по животот кон активистката и советничка во Град Скопје Михаела Иванова, осамнаа на социјалната мрежа Твитер.
ДИК: Роковникот е подготвен, ќе се гласа на 15 јули од 7 до 21 часот, на 13 јули гласаат лицата со Ковид-19, а на 14 јули другите болни и затворениците кои ќе се пријават за гласање.
БЕЗ ФИЛТЕР: Изборите се закажани, нѐ чека триесетдневно цунами… – Џабир Дерала.
ЕВТИНИОТ и широко достапен лек наречен дексаметазон може да помогне да се спасат животите на пациентите кои се сериозно болни од коронавирусот, јави денеска Би-Би-Си. Дексаметазонот не им помага на луѓето кои имаа мали симптоми на коронавирус и да не се зема на „своја рака“, предупредуваат експертите.
ЕВРОПСКИОТ комесар за трговија Фил Хоган ќе ги ограничи јавните настапи откако објави дека ќе се кандидира за директор на Светската здравствена организација, соопшти денеска Европската комисија.
КОШАРКАРСКАТА репрезентација на Македонија во ноември ќе одигра два натпревари од квалификациите за ЕП 2021 година на гостински терен кај Естонија и Италија.
БРИТАНСКИОТ премиер Борис Џонсон изјави денеска дека е свесен за проблемите со придржувањето кон мерките за физичко дистанцирање, ветувајќи дека ќе направи се земјата брзо да се врати во нормала, а притоа да не ризикува човечки животи.
ПОВЕЌЕ стотина станари во една зграда во Берлин се ставени во карантин, откако најмалку 54 од нив биле позитивни на тестот на коронавирус, соопшти денеска градската управа.
ОСНОВНОТО јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози од по 500 евра против четири лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
ПОЛИЦИЈАТА во Париз денеска употреби солзавец, со цел да спречи немири за време на протестот на здравствените работници во центарот на градот.
Ј. Ѓ.