ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Метелко – Згомбиќ: Деблокиран е процесот со Скопје и Тирана, уверена сум дека ќе продолжи

Но, државната секретарка за европски работи на Хрватска е уверена дека иако е процесот забавен поради пандемијата и преговорите на ЕУ за седумгодишниот буџет, динамиката ќе се врати по летните одмори.

June 16, 2020 21:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватската државна секретарка за европски работи, Андреја Метелко-Згомбиќ, денеска претседаваше со последниот Совет за општи работи под хрватско претседателство, преговорите со Албанија и Северна Македонија иако не беа на дневен ред на министрите на ЕУ, биле споменати како еден од успесите на ова претседателство, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Одлуката донесена во март, по долги месеци одлагање, да започнат преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија, заедно со ревидираната методологија за преговорите, се смета како успех во Брисел затоа што овозможи да се надминат разликите помеѓу земјите членки околу проширувањето и да се деблокира состојбата, рече државната секретарка.

Поради ненадејната санитарна криза што ја зафати Европската Унија со пандемијата од Ковид-19, прашањата околу проширувањето и западниот Балкан се најдоа забавени, иако Европската Комисија треба во наредните денови, најверојатно на почетокот на следната недела, сепак да ги предаде преговарачките рамки за процесот со Скопје и Тирана до земјите членки на ЕУ.

Овие рамки нема да бидат достапни за јавноста додека не бидат усвоени од страна на ЕУ, предупредија од Европската Комисија.

Но, државната секретарка за европски работи на Хрватска е уверена дека иако е процесот забавен поради пандемијата и преговорите на ЕУ за седумгодишниот буџет, динамиката ќе се врати по летните одмори.

-Продолжуваме да бидеме во близок контакт со Комисијата и со еврокомесарот (за проширување, нз) Вархеји, и очекуваме Комисијата да го поднесе предлогот во кус временски рок, изјави Метелко-Згомбиќ за МИА.

Таа потсети дека извештаите за реформскиот напредок на земјите од западниот Балкан се одложени за наесен, за разлика од преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија.

-Извештаите се одложени поради други итни теми, така што би рекла дека динамиката е одложена за после летото, но многу, многу сме сигурни дека процесот којшто беше деблокиран и на кој му се даде зелено светло со одлуката за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија ќе продолжи по истиот пат, рече државната секретарка.

Запрашана дали верува дека отворањето на првите поглавја, или кластери, и одржувањето на првата Меѓувладина конференција помеѓу Северна Македонија и ЕУ може реалистично да се очекува до крајот на оваа година, Метелко-Згомбиќ рече дека е „уверена“ дека „ќе го видиме продолжетокот на овој процес во текот на оваа година“.

Важна улога во одржувањето на позитивната динамика во однос на Северна Македонија ќе одигра одржувањето на фер и слободни избори на 15 јули, потсетуваат дипломатите во ЕУ. 

Next Post

Трамп потпиша указ за реформи во полицијата

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk