ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп потпиша указ за реформи во полицијата

Трамп денеска повтори дека се спротивставува на повиците за намалување на средствата во полицијата или за распуштање на некои полициски управи.

June 16, 2020 21:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Соочен со критики дека неговата политика и реторика ги поттикнуваат расните поделби во САД, американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша указ со цел подобрување на полициското однесување и нагласи дека „Американците сакаат закон и ред“.

По неколку недели протести против расизмот и полициската бруталност предизвикана од смртта на Џорџ Флојд, црнец убиен на 25 мај за време на полициско апсење во Минеаполис, Трамп понуди промена на политиката како одговор на зголемената загриженост за расната неправда пред изборите на 3 ноември за втор мандат.

– Американците сакаат закон и ред, тие бараат закон и ред, рече Трамп при потпишувањето на уредбата пред Белата куќа. Републиканскиот претседател изрази сочувство до семејствата на жртвите од неодамнешното полициско насилство и им вети правда.

Тој подоцна на Твитер повика на пресметка со демонстрантите истакнувајќи го насилниот и милитаризиран одговор на уличните немири предизвикани од Флојд и смртта на другите жртви. Регулативата ги охрабрува полициските администрации да воведат најнови стандарди за употреба на сила, да го подобрат споделувањето на информациите за да не ангажираат полицајци со лоши референци и оние чии потекла не се познати, и да ги ангажираат социјалните работници во ненасилни случаи со зависници од наркотици и бездомници.

Трамп денеска повтори дека се спротивставува на повиците за намалување на средствата во полицијата или за распуштање на некои полициски управи.

Тие иницијативи беа поддржани од водечките демократи, вклучувајќи го и кандидатот за претседател Џо Бајден, додека наидоа на жестоко спротиставување кај републиканците.

Претставничкиот дом во кој мнозинство се демократите треба да гласа подоцна подоцна овој месец за серија закони предложени од црните пратеници со цел спречување полициска бруталност.

Републиканските сенатори се очекува да ги презентираат своите законодавни предлози в среда, кои се повеќе насочени кон прибирање податоци отколку за промена на правилата за употреба на смртоносна сила.

Next Post

Косово бележи рекорден број на заразени од Ковид-19

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk