коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Откако ги премина сите политички и општествено коректни граници на одговорно однесување како министер во министерството што директно е задолжено за спроведување на законите, министерот Наќе Чулев на ФБ се пофали дека денеска полицијата делела совети и заштитни маски на граѓаните што биле затекнати дека не носат.
Ајде да оставиме за момент тоа дека во вака сериозна ситуација кога бројот на нови случаи од Ковид-19 е троцифрен, особено во Скопје, да не се казнуваат. туку да се делат совети, е директно прекршување на законот.
И сè тоа со советите и делење на заштитни маски да речиме ќе беше во ред да се работеше за министер што одговорно си ја работи работата и тие акции со совети ги правеше во моментите кога мерките за превенција и неказнување беа на сила и даваа резултати, а не сега.
Сè тоа ќе беше во ред ако Чулев, на мајтап на цела македонска јавност, нè кажуваше дека ракавиците од придружбата на Мицкоски, кој посетуваше теретана за време на полициски час, не се ракавици, туку „се работи за отсјајот“. Во ред ќе беше Чулев да се пофали со ваква акција, ако со часови не држеше доцна во полициска станица, млади граѓани што припремаат пакети со хуманитерна помош, само зашто хуманитарната помош е од семејството на лидерот опонент на неговата политичка опција. И уште еден куп други гафови на кои нè навикна Чулев, а кои последици на неговото неодговорно дејствување, ги сеќаваме сè уште.
Министерот Манчевски на вчерашното гостување на Топ Тема на Телма, рече дека одговорноста во врска со ширењето на коронавирусот е на сите, на неодговорни граѓани, неодговорни верски заедници, а особено на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој реши дека нема да казнува за непочитување на мерките за заштита, и тоа за жал не е партиско препукување и претерување, туку факт.
„Оделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈСП Скопје денес во скопската населба Влае, односно на автобуската постојка кај мостото “Влајко“ реализираа превентивни активности во насока на поуспешна превенција во справувањето со актуелната пандемија од “ковид 19“. напиша на ФБ Чулев.
– Наместо да се умилкува, кај неодговорните, подобро нека си ја брка работата, ако сака да се види колку-толку некаков аир и од него.
– Што прави Чулев, политичка кампања на сметка на здравјето на граѓаните или што?, се коментарите на социјалните мрежи за денешната акција со која се пофали техничкиот министер Чулев на Фејсбук.