Претседателот Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил во врска со ситуацијата со коронавирусот, напиша дека се додека здравствените експерти не пронајдат вакцина за Ковид-19, вирусот за жал ќе биде наша реалност.
Сѐ додека здравствените експерти не пронајдат вакцина за #COVID19, вирусот за жал ќе биде наша реалност. Тој ги погодува нашите роднини, пријатели, нашите познаници. Важно е секој да биде свесен за улогата којашто ја игра во ширењето на овој вирус или пак во намалување на бројот на болни. Да бидеме одговорни и да го заштитиме сопственото, но и здравјето на луѓето околу нас, напиша претседателот Пендаровски.